Патријарх Кирил: Самопознанието – една од најважните цели на Великиот пост

23 февруари 2015 лето Господово

„Самопознанието е една од најважните цели на Великиот пост“,198056.p.jpg истакна Светејшиот Патријарх Кирил во своето слово во понеделникот од првата седмица на Великиот пост.

„Многу е тешко да се познаеш самиот себе, зашто во секој миг од нашиот живот ние сме различни. На таа различност влијаат надворешните услови, а исто така и ѓаволските искушенија. И тоа што до вчера ни се чинело невозможно и неприфатливо, денес го извршуваме со леснотија. И напротив – секој следен ден ни помага да разбереме многу нешта, да погледнеме во самите себе и да се покаеме за своите гревови.

Ете зошто, покрај самопознание, за време на Великиот Пост потребна е и самоконтрола. Ние вообичаено многу малку се контролираме самите себе. Не само зборовите и постапките, но дури и своите мисли не ги контролираме. Ако Великиот пост не нѐ приведува кон оваа навика – да ги контролираме своите мисли, тоа значи дека постот ни бил залуден.

Но и самоконтролата не е доволна. Сето тоа служи за да се воспитуваме самите себе. Според тоа, самовоспитанието неминовно треба да му биде сопатник на посното поприште.

Со постигнувањето на овие три цели се создава многу корисен и позитивен ефект од постот врз човечката душа“ – истакна Патријархот.
Извор: Православие.ру

Извор: Бигорски манастир