8 февруари 2015 лето Господово

Христијаните од Ирак формираа одбрана за ослободување на Ниневиската долина – традиционалниот регион за живеење на христијани – од „Исламската држава“.hhh13d_w631h356.jpg После заземањето на регионот од страна на исламистите во летото 2014 год., него го напуштија повеќе од 100 илјади христијани.

Четите за заштита на Ниневиската долина добија индиректна поддршка од Владата на Ирак и курдските Пешмерги. 500 Асирски војници се стационирани во градови како Алкош за да им овозможат заштита од ИДИЛ. Уште 500 војници се на обука, а над 3 илјади христијани го чекаат почетокот на обуката.

Нивната цел е да се создаде административен регион за живеење на христијаните – Асирци и другите религиозни малцинства: Језиди, Шабаци и Мандејци.

Групата е финансирана од страна на членовите на асирската дијаспора од САД, Австралија и Шведска и со нивната обука раководи американска безбедносна компанија. Сепак, нивните финансии се ограничени.
Извор: Телеграф

Преземено од: Бигорски манастир