На Атон е пронајдено нетлено тело од упокоен подвижник


01 февруари 2015 лето Господово


Во скитот Кавсокаливија на Света Гора Атон се случи чудо – пронајдено е телото на упокоениот жител на обителта о. Стефан,Kavsokaliviya.jpg кое после месец и половина од смртта немаше знаци на распаѓање и непријатен мирис, просто како подвижникот да се упокоил пред неколку часа. 


Скитот Кавсокаливија – идиоритмичка обител, се наоѓа недалеку од Великата Лавра и нашироко е позната благодарение на преподобниот Порфириј Кавсокаливит (+1991), кој се подвизувал овде.

Неодамна починатиот монах од обителта, о. Стефан, четириесет години се подвизуваше во една од четириесетте пустинските ќелии на скитот, посветена на Тројцата Светители. Во последните години тој малку општеше со браќата, и во тие ретки мигови често критички се изразуваше за различните аспекти на современиот живот.

Отец Стефан беше најден мртов во својата ќелија. Отците од скитот Кавсокаливија кои го пронајдоа телото, сведочат дека тоа е нетлено. Телото не испушта непријатен мирис, без оглед на тоа што според сите знаци од моментот на неговата смрт поминало од еден месец до месец и половина.

Отец Стефан, како што тврдат отците на обителта, во својата ќелија не само што немаше кревет, туку немаше ни облека, спиеше на голи штици и не се знае со што се хранел. Тој почина во 75 – та година од својот живот и беше погребан како монах во Великата Лавра на која се води скитот Кавсокаливија.

Скитот „Кавсокаливија“ се состои од четириесет каливи (куќи во скитот, во кои живеат еден или двајца монаси) и се наоѓа на јужниот крај од Атонскиот полуостров, на карпите во правец на Великата Лавра, на надморска височина од 120 м. Името „Кавсокаливија“ (кое се преведува како „потпалувач на колиби“) е добиено според св. Максим Кавсокаливит (13 јануари 1365), кој самиот си изгради колиба на овие карпи. Неговата љубов кон осамеништво беше толку голема, што секогаш кога во близина на неговата калива ќе се населеа други монаси, тој го палеше својот дом и се качуваше повисоко на гората каде што си градеше нова калива.

Главниот храм на скитот е Кириакон. Таму, за време на неделната Литургија се собираат подвижниците и старците од каливите. Храмот е изграден од извесен руски командант. Иконостасот претставува цврста резбана минијатура. Од Кавсокаливија по горната планинска патека се оди до пештерата на преподобниот Нил Мироточив.

Својот процут скитот го достигна во почетокот на XVIII век за време на преподобен Акакиј. Тогаш скитот се состоеше од 40 самостојни ќелии во кои живееја 200 монаси – подвижници.

Во моментов во скитот се наоѓаат 39 каливи, од кои 17 се населени. Тој има своја иконописна работилница, која се наоѓа во двоспратен објект. Во скитот се подвизуваат 45 монаси.

Обителта уште од древноста е позната по многуте подвижници, од кои во последно време се издвои преподобниот Порфириј Кавсокаливит (+1991).

Извор: Атонит.инфо

преземено од: Бигорски манастир