i244791_contentImage1_1_original.jpg

Руски монаси ќе произведуваат луксузни италијански сирења
16 октомври 2014 лето Господово

Монасите од манастирот „Преображение Христово“ на островот Валаам на Ладошкото езеро,i244791_contentImage1_1_original.jpg го усвоија производството на елитни италијански сирења, соопштува агенцијата ИТАР ТАСС.

Во манастирот беше донесена специјална опрема, а послушниците поминаа и низ курс на обука. На својата интернет страница монасите раскажале дека извесно време престојувале на обука во Италија, каде локални мајстори им ја откриле тајната за приготвувањето на Моцарела, Качота, Морлако, Рикота и сирење со бела мувла Бјанка. Во производството ќе се користи само млеко од манастирската фарма.

Претходно манастирот ја закупи специјалната опрема за производството на деликатесите од Италијанската фирма „SFOGGIA“. Малото островско стопанство на монасите ќе го продава своето производство во матичниот манастир, а дел од него ќе биде доставуван и до продавничките во близина на светата обител. Локалните медиуми ја поврзуваат оваа деловна идеја со забраната за внесување на западни продукти во Русија, и покрај тоа што на списокот на забранети западни продукти, млечните производи беа додадени нешто подоцна.

Извор: Двери

Преземено од: Бигорски манастир

 http://bigorski.mk/index.php?content_type=vesti_od_pravoslavieto&action=details&record_id=1454