Европскиот закон им брани на децата да се крстат и одат во црква – реагира остро Бугарскиот Синод

06 септември 2014 лето Господовоdownload_300x190.jpg

Според предлог Законот за детето, кој го крена на нозе целиот Синод,download_300x190.jpg предвидена е материјална казна до 5 илјади лева за родителите кои ги водат своите деца во црква.
Во чл. 23 а. 3, се наведува дека „секое дете има право на заштита против вовлекувањето во политички, религиозни и синдикални активности“.

Прекршоците се казнуваат со парична казна во вредност од 2 илјади до 4 илјади лева, а повторениот престап – се казнува од 4 до 5 илјади лева. Според владиците тоа значи дека секој којшто ќе сака да го крсти своето дете во црквата, потпаѓа под удар на законот.
Забраната за учество во „религиозните активности“ претставува правно полагање на апсолутно неосновани препреки пред религиозното воспитување и образование во домот, храмот, градинките и училиштата, како и пред практикувањето на верата од страна на деца во семејната и општествената средина. Зашто што се, ако не форма на религиозна активност, Светите Тајни на Црквата (на пр. Светото Крштение, Светата Исповед, Светата Причест), молитвата, запознавањето со читање на Библиски текстови, богослужењето во храмот, активностите во црковните училишта, камповите по веронаука во православните манастири, учеството на литии, празничните христијански концерти и друго?“, прашуваат архиереите на Синодот во својот официјален став.

Во овој свој став владиците искажуваат загриженост дека документот им дава недозволиво многу права на децата и никакви должности, додека родителите се поставуваат во потполна потчинетост на своите рожби, и како резултат на сето ова, немаат никакви права над нив. Членовите на Синодот се исто така незадоволни, бидејќи воведувањето на т.н. часови за репродуктивното здравје и планирање на семејството, ќе ја урне границата на возраста во која се започнува со полови односи.

„Од која причина во предлог законот нема ниту еден член со кој се уредуваат должностите на децата? Дали е неопходно – за да се прикаже дека Бугарија пројавува грижа за децата – да се создаваат услови за озаконување на нивното преобразување во безобѕирни личности, кои ќе живеат и растат со сознанието дека се единствени носители на правото во домот, а од таму и во училиштата, и тоа до толкав степен, што да можат да ги злоупотребуваат тие права и да ги вовлекуваат своите родители, учители во судски саморасправи?“, прашува Светиот Синод.

За време на патријархот Максим БПЦ доживуваше големи предизвици и искушенија. Во последно време оваа Помесна Црква се одликува со сѐ поголемо несогласување со правецот по кој се движи политичката елита во Бугарија. Медиумите се сѐ почесто непријателски настроени кон ставовите на Црквата. Но архиереите многу поотворено се спротивставуваат на разните девијации во општествениот живот.

Владиците се вознемирени и затоа што законот ги поставува родителите во потчинета положба во однос на државата, во врска со односот кон децата. „Државата не може да биде подобар родител на детето од неговите вистински родители“, сметаа тие. И истакнуваат дека заради изолираните примери на родители кои не се грижат добро за своите деца, не би требало да се лишат од родителските права и оние останатите. Текстот на овој официјален став беше едногласно прифатен од сите членови на Светиот Синод.

Извор: Светосавље

Преземено од: Бигорски манастир