Светиот Синод со обраќање по повод протестите во престолнината и големите градови во земјата


Денеска, Св. Синод на БПЦ излезе со обраќање кон народот по повод на „ескалираниот напон во општеството, народното незадоволство и масовните протести кои веќе неколку дена продолжуваат во престолнината и поголемите градови“. Во обраќањето се вели, дека БПЦ не може да не заземе став кон она што се случува во земјата, зашто Црквата „има свои чеда и паства како меѓу оние кои протестираат, така и меѓу оние, кон кои е насочено општественото незадоволство, и нараснува загриженоста и тревогата заради нарушувањето на мирот, редот и справедливоста во општеството“.
Во обраќањето, уште се вели: „Секој верник, длабоко во срцето, има заложено од Творецот чувство за справедливост. Кога чувствува дека справедливоста е нарушена, народот е слободен да ја изрази својата несогласност со дејствата на оние, на кои е возложена грижата за управувањето со земјата и одговорноста за благоденствието на нејзините граѓани.
Слободата е највисокото богатство за човекот, но таа, без моралниот почеток станува произволна и води до деградација и разрушување како на личноста, така и на општеството. Подобрата иднина на нашата земја, кон која што се стремиме сите, е незамислива без високи идеали и светоглед, заснован на верата, моралот и етиката, ако промената не започне од самите нас, од нашите дела, мисли и срца. Доминарњето на „јас“ над стремежот кон општото добро, отфрлањето на Божјиот Закон и традиционалните морални вредности, недостигот на мотивација самопожртвувано служење на ближните и општествотол, обезвреднувањето на поимите, како родољубие, чест и достоинство, веќе неколку години имаат тенденција во нашето општество. Како последица на тоа расте социјалната апатија и безнадежноста за позитивни промени.
Благоденственоста и мирот во едно општество се незамисливи, доколку Божјата правда – животот според совеста – не се водворат на сите нивоа: во меѓучовечките односи, семејството, децата, работните заедници, државата, доколку чесноста не стане норма во политиката, економијата и управувањето на земјата, ако општото добро не стане лично дело и убедување на сите, независно од тоа на кој степен од социјалната хиерархија се наоѓиа. Кога граѓаните и народот во власта на своите решенија и дејствија се раководени не од братољубие, туку од омраза, желба за одмазда, лични интереси и амбиции, властољубие и гордост, не можеме да се надеваме на подобрни дни.
Возљубени во Господа браќа и сестри,
Денес народот има различни политички убедувања, различни гледишта за минатото, сегашноста и иднината на државата. БПЦ, допуштајќи на своите чеда да пројавуваат политичка активност и свесна граѓанска позиција, напомнуваме, дека учествувањето во политичките процеси треба да се заснова на принципите на мирот, взаемното почитување, чесноста, љубовта кон ближниот и татковината, на одговорноста пред Бога.
Ние треба да се стремиме да гледаме во лицето на политичкиот спротивник, на нас подобен, несовршен човек, кој исто како нас може да се заблудува и да допушта грешки. Да сфатиме, дека да го мразиш својот ближен и да се ожесточуваш против него, е многу поосудително отколку да си зазел неправилна политичка позиција. Да не забораваме дека во спротивност на овој свет, со неговите променливи политички и идеолошки вистини, има една непреодна, неразрушлива Вистина – Христос, и кон Него да се придржуваме. Да помнеме, дека најглаво во животот на човекот е духовниот раст, стремежот кон спасение, и доколку зависи од нас, да бидеме во мир со сите луѓе (Рим. 12, 18).
Призивајќи ве да постапувате достојно, секој со призванието, во кој е призван, трпејќи се еден со друг со љубов, да се залагате за запазување на единството на духот преку врските на мирот (Еф. 4: 1-3), го молиме Седарителот Бог: Неговиот мир, кој што го надвишува секој ум, да се всели во вашите срца и да ве упатува!
Стремете се кон она што е вистинско, што е честно, справедливо, што е чисто (Филип. 4: 7, 8) и Бог на мирот и љубовта ќе биде со вас“.

 

Подготви: Златко Дивјаковски

Извор: http://preminportal.com.mk/content/blogcategory/133/162/