vozdvizenie.jpg

ЗА СВЕШТЕНСТВОТО    Старец Клеопа   (Прв дел)

Ако  земеме  според достојноста што се бара од свештеникот, тогаш повеќе, никој на земјата не би бил свештеник, кога би зборувале за нивото  кое што се бара.

Бидејќи Ефрем Сирин вели:
 „ И кога би бил чист како ангелите и свет како Јован Крстител, сепак не можеш да бидеш свештеник“.

Ете, колку е возвишен свештеничкиот чин. Тоа е многу голема работа!“
„О! Бескраен и неискажлив дару, кој Бог Го даде на синовите Адамови - свештенството“, вели тој.
Голема работа!
Она што свештеникот го прави не може ниту ангелите да го прават.
Свештеникот има моќ да врзува не само луѓе, туку и ангели.

Тоа што свештеникот го прави , односно го свештенодејствува Телото и Крвта Христови, не можат да го прават ниту најголемите меѓу ангелите. Но,  бидејќи благоволи да се симне до нашата немоќ поради осветување на овој долен свет, кого го откри со Својата Пречиста Крв, Он го остави свештенството на човечкиот род.

Браќа мои, спомнувајте си што вели великиот  апостол Павле:
 Се ми е позволено, но не е се полезно; се ми е позволено, но, ништо несакам да завладее над мене (1 Кор. 6,12). 

Првото што луѓето го бараат од вас како свештеници е морален живот, чесен живот.
Можеш да имаш стотици дипломски испити, докторати, ако немаш морален живот, не можеш да бидеш свештеник. Како свештеник треба да бидеш како што те родила мајката, до свештенството; и до женидбата да знаеш за една попадија  и еден Бог до смртта. Тоа, пак, најнапред  е моралната страна  и чистата страна на свештеникот:  да биде со посебен чист живот.

Бидејќи ако ги чува чистотата на животот и чесниот живот, тогаш, сите дарови на Светиот Дух следат по тоа. Бидејќи Бог ја испраќа  Својата благодат во чисти садови, во одбрани садови. Немој, Господ да чува,  да поверуваш дека можеш да бидеш  и свештеник, а во исто време и блудник, или пијаница, или пушач, или пцујач или среброљубец, или, пак, кој знае уште колку страсти може да има човечкиот род.

Како свештеник треба најнапред да бидеш бестрастен, односно да ја достигнеш бестрасноста, така што со својот живот да даваш пример и да му зборуваш на народот.

Ова лето јас зборував во Критската богословија. Дојде отец архимандрит Нектариус заедно со педесетина - шеесетина студенти и бараа да им кажам нешто за освременото свештенство. Им зборував во трпезаријата, кога  беа на трпезата. Таму, пак покажав нешто што сакам да го покажам овде.

Спред учењето на Свети Јован Златоуст , свештеникот треба да проповеда на три начини. Односно, најнапред со устата и со јазикот да го кажува Словото Божјо.
 Како второ, да проповеда со раката, да пишува духовни  поуки.

Дали знаете, пак, за Свети Јован Златоуст?
Преку целиот ден проповедал, а ноќе пишувал. 
Половина ноќ пишувал, а половина ноќ се молел. Еве како спиел: со рацета се фаќал за некое јаже кое било врзано за таванот на куќата, и кога ќе го испуштел со рацете,  завршувал со сонот.

Исто така, тој јадел јачмена чорба еднаш дневно, по заоѓањето на сонцето.
Ете, какво свештенство!
Каква воздржливост!
Ех, не можеме ние грешниците, како тој!  Но, сакам да ви кажм дека поради тоа, тој имал толку дарови, та го протолкувал целото Божествено Писмо.

Значи, свештеникот треба да проповеда со јазикот, раката, односно да пишува проповеди и христијански поуки и третата и највозвишената проповед, треба да проповеда преку животот, со своето живеење и животот на своето семејство.

Свештеникот треба да стане стражар на севкупната мудрост, светлина пред народот, како што рекол Спасителот: 
Вие сте Светлината на светот (Мат.5,14)...Та од неговиот живот и од неговите дела да зрачи светлина на сите страни.

Кога ќе зборуваат луѓето на село, вака да велат:
„ Дали видовте  какво воздржување има  нашиот свештеник?
Дали видовте, дека нашиот свештеник не е среброљубец, дека не му требаат парите?
 Колку што ќе му дадеш, толку прима, и  благодари за тоа што му го даваш.
Дали сте виделе дека нашиот свештеник не влегува во кафеана:  Нашиот свештеник не сме го виделе со цигара во устата.
Воопшто не станува збор дека нашиот свештеник пцуе.
Нашиот свештеник не сме го виделе ниту на бал, ниту на свадба со свирачи, да чува Господ! На никаква забава не сме го виделе.
Нашиот  свештеник е кроток, нашиот свештеник е милостив,
нашиот свештеник е чист,
нашиот свештеник е вреден, нашиот свештеник е сомилосен, доаѓа на помош при сите неволји на народот“.
И така натаму.
 Така за вас да зборува народот штом ќе дојдете во неговата средина! Ако сакате да ве љубат , дајте им малку пример со животот!

Еднаш кај мене дојдоа студенти и теолози  од Сибиуа и од други страни и ме запрашаа:
-Оче, еве, кај нас  ќе не ракоположат за свештеници.
Како да започенеме?
Им одговорив:
„ Да почнете со кроткост и љубов, бидејќи, Свети Ефрем Сирин вели:
„Начинот на кој треба сите да ги приведеме кон Христа е само начинот на кроткоста“.
Потоа, да   има трпение.  Луѓето се со различни темпераменти.
Има брзи луѓе и амбициозни и лоши, и пијаници; има и луѓе непослушни и со скаменети срца и равнодушни кои не веруваат, или, пак, ако веруваат, тогаш е тоа само површно. Треба да го набљудуваме сечиј карактер и да бидеме кротки.

Кога стапуваш на парохија, сите очи на народот  се вперени во тебе, за да видат каков свештеник им доаѓа во парохијата. Кога те повикуваат на служба, треба да одиш како слуга Христов. За миг треба да бидеш таму со епитрахилот, со крстот и „Требникот“.

На крштевка, на венчавка, на погреб, кај трудници, секаде каде што ќе те повикаат. И за ништо да не им одредуваш цена Ако те прашаат:
- Оче, колку чини?
„Колку што сакате, браќа. Како што Бог ве учи!

Бидејќи Бог знае дека некој има, а не дава, а друг пак, сиромав, Бог знае, дали има паричка да даде. Дали гледате како сиромасите тешко ги заработуваат парите. И ако видат дека не им одредуваш цена, тогаш ти го придобиваш нивното срце.
Знаете ли што вели Спасителот:
Но барајте го најнапред Царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде (Мат 6,33).


 (Продолжува)
Подготви  М. Даниловска