sv.spas.dek6.jpg

Словенскиот збор "обред" самиот по себе означува "облека". Убавината, свеченоста и разновидноста на црковните обреди привлекуваат многу луѓе. Но, Православната Црква, по зборовите на св. Јован Кронштатски, не се занимава со празни работи. Видливото дејство има невидлива, но потполно реална и делотворна содржина. Црквата верува (и таа вера е потврдена  со двеилјадагодишно искуство) дека сите извршни обреди имаат свое одредено осветувачко, т.е., благотворно и укрепувачко дејство врз човекот. Тоа е делување на Божјата благодат.
Сите обреди условно се делат на три групи:
1.  Богослужбени обреди - свештенодејствија кои се вршат за време на црковните богослуженија (елеопомазание, голем водосвет, изнесување на Светата Плаштаница на Велики Петок, итн); тие обреди претставуваат дел од богослужбениот живот на Црквата.
2. Обредите симболично ги изразуваат различните црковни и религиозни идеи. Тоа на пример се: крстниот знак, кој повеќе пати го изобразуваме во знак на сеќавањето на крстните страдања на нашиот Господ Исус Христос, а кој, освен тоа, претставува реално оградување на човекот од влијанието на злите демонски сили и искушенија.
3. Обреди со кои се осветуваат животните потреби на христијаните; спомнување на упокоените, осветување на домовите, производите, предметите и обреди за разни добри почетоци; за учењето, за постот, патувањето, изградбата и сл.
                  Какво треба да биде нашето учество во црковните обреди?
Молитвата е таа која им дава свето значење на обредните форми. Само преку молитвата дејството постанува свештенодејство, а преку надворешните процеси- обред. Не само свештеникот, туку и секој од присутните треба да ја внесе својата лепта во извршувањето на обредите-својата вера и молитва.
Бог дава благодат, помош и различни дарови исклучиво по Својата милост. Но, "како што изворот не им забранува на оние кои сакаат од него да се напијат, тоа и да го прават, така и ризницата на благодатта никому од луѓето не забранува да биде нејзин причесник"(преп. Ефрем Сирин). Ние не можеме со некакви магиски дејства да Го "принудиме" Бога да ни го испрати она што ни е потребно, но можеме да го молиме со вера. Светото Писмо вели вака за неопходноста од верата за време на молитвата: "Но да се моли со вера и никако да не се сомнева; оти оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветерот го издига и растура; таквиот човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господа"(Јак. 1, 6-7). Кога Му се молиме на Господа, треба да веруваме во тоа дека Господ е семоќен и дека може да го направи или да ни го дарува она за што се молиме. Треба да веруваме во тоа дека Он нé љуби, дека е благ и милостив, т.е. дека на сите им посакува добро. Со таква вера и треба да се молиме, т.е. нашиот ум и срце да ги обраќаме кон Бога. И тогаш, кога при извршувањето на обредите нема само да стоиме до свештеникот, туку и средечно ќе се молиме со вера, тогаш ќе се удостоиме од Господа да ја добиеме благодатта која осветува.


Превземено од веб-страница: www.pravmir.ru)
                                                   

o.O.P. Изборот: од свештенството на  храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)

 

посети:{moshits}