vinjeta.5.jpg

Знам дека многумина од вас наскоро ќе дојдат и ќе пристапат кон таа духовна трпеза; за да не биде на наша штета и осуда, а да добиеме спасение на душите - јас уште отсега ве предупредувам и искрено ве молам да се очистиме самите себе од секакво зло и тогаш да пристапиме кон СВЕТИТЕ ТАЈНИ.
 Никој да не вели: јас сум  покриен со чад, совеста ми е полна со гревови, носам тешко бреме од пороци, не сум достоен за таа трпеза.
 Тие пет дни се доволни за да се очистиш од множеството гревови; ако духовно се отрезниш, ако се молиш покајно, ако си бодар од сé срце. Ти не гледај на тоа што времето е кратко, туку насочи се на друго; дека Господ е милостив и човекољубив. Ниневејците и за три дни успеале да се ослободат од Божјиот гнев и ни најмалку не им попречила краткотрајноста на времето да пројават усрдие, да покажат покајание, да постигнат сé со помош на човекољубивиот Господ.
 И блудницата кога пристапи кон Христа за еден миг ја смолкнала од себе сета нечистотија, и кога Јудеите негодувале против Христа, бидејќи и  дозволил да дојде при Него и и дозволил толкава смелост. Тој им ја затворил устата, а нејзе и  прости и ја отпуштил. Зошто така?
 Затоа што блудницата пристапила кон Христа со срдечно расположение, со огнена душа, со вера и се дофатила до Светите нозе на Господа, расплела коси, пролеала солзи и разлеала миро. Со она што ги соблазнувала Јудеите, со тоа и постигнала покајание; со она што ги возбудила погледите на похотливите, со истото проеала обилни солзи; со тие коси со кои многумина вовлекла во грев, со тие таа ги истрила нозете на Господа. Со тоа миро, со кое ги примамувала душите, со него таа го помазала обилно Исуса Христа. Така и ти човеку, со кое си Го прогневил Бога, со истото можеш и да Го умилостивиш. Ти си Го прогневил со кражба на пари, умилостиви Го со враќање на украденото и со благотворие од тебе, како што сторил Закхеј. Ти си го прогневил Бога тогаш кога си се обидел многумина да злословиш, ти пак умилостиви Го со чисти молитви, со благословување на оние што си ги злословил и ќе им простиш на злоречивите и ќе им благодариш на тие што те сакаат. За сето тоа не е потребно многу време - не од големината на деновите, туку од квалитетот на покајанието се раѓа спасението.
 Приопштувањето со Светите Тајни, всушност, е примање на Царот на Царевите во својата душа, а каде Царот пристапува и влегува, таму треба да има чистота, срдечна љубов, длабок мир, искрена вера и преданост како од син. Тогаш и Царот е задоволен и слугата радосен. 

       о.О.П                                                                                                                                  

  Изборот: од свештенството на  храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)

{moshits}