Zlatko.Ru.jpg


Расудувањето


 Мироносиците и Апостолите – тоа е слика на двете страни на нашиот живот: чувствата и расудувањата. Без чувства животот не е живот; без  расудување животот е слеп, многу се расипува, малку дава здрав плод. Треба да се соедини едното со другото.  Чувството нека оди напред и нека поттикнува; расудувањето нека го одредува времето, местото, начинот и воопшто поредокот на она кон што срцето цели. Внатрешно напред оди срцето, а во пракса – расудувањето. Кога чувствата ќе станат обучени за тоа што е добро, а што зло, тогаш можеби ќе биде можно човекот да се потпре само на срцето; како што од живото дрво сами по себе се појавуваат гранки, цветови и плодови, така и од срцето почнува да изникнува само доброто, кое во животот сме го примиле со разумот.
 ... Внимавајте на себе. Притегнувајте ги бедрата на умот свој (1 Пет. 1, 13) Во внимание треба да се држи и расудувањето. ОД срцето не излегува само лошо, но и добро; сепак, не треба да се исполнува ни секое добро на кое поттикнува срцето. Што навистина треба да се исполнува, тоа ќе одреди расудувањето. Расудувањето е вртлечки нож, со кој едни гранки се отсекуваат, а други калемат.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски