Простотата

... Колку е животот поедноставен, толку подобро. Едноставноста и смирението се две крила кои овозможуваат брз лет.
... Едноставноста е нераздвоен знак на смирението, и со тоа кога нема едноставност, нема ни смирение. Едноставноста не е лукава, не е подла, не е навредлива, не гледа на себеси, не си придава себеси никакво значење, не мудрува и друго. Смирението го означува сето тоа.

Dorotea.sv.Teodot.jpg 

Смирението

 Смирението е корен на секое добро, зашто секое добро е од Бога; Тој се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат.
 Треба да знаете да се смирите кога ве фалат без основа, зашто што е тешко во тоа човек да се смири пред оправано навредување? Какво пофалбопение сте си сплетиле: злобна, лукава, непостојана, неблагодарна, горда, навредлива, и не имеете да се молите на Бога... многу добро. Треба да додадете уште и дека за ништо не сте способни и дека сте поптолно бескорисни. Почесто тоа повторувајте го, и тоа така, душата да зборува, а не умот да собира по сеќавање. Зашто во нас постои или се појавува многу длабоко вкоренет егоизам.
 Сакате да се навикнете на смирение... А целиот живот е школа за тоа. 
 Држете се строго; кон другите бидете милостиви и смирувајте се пред сите. Никого не навредувајте, а кога ве навредуваат, благодарете. Никого не осудувајте, сите сметајте ги за свети, а само себе за грешна.
 Слушајќи некогаш вразумување одозгора, вие природно може да помислите дека сте личност која се издвојува од другите, а тоа е побрзо сведоштво за вашата слабост, отколку сила. Смирувајте се размислувајќи така... и почесто подсетувајте се себеси на пропустите, кои не се малку кај било кој од нас.
 Смирението е – основа на сè! Штом смирението се повлече, срцето се затвора и се расипува секое добро во него. Нека срцето секогаш биде скрушено и смирено.
 Слабостите на карактерот Господ понекогаш ни ги остава заради смирение. Да ги нема нив, ние веднаш би се вознеле над облаци и таму би си го поставиле својот престол.
 Како оној што подигнува дом најпрвин копа темел, така и во христијанството најпривин треба да се проникне со самоунижување, за да би се утврдиле на него и веќе да би можеле после на него да го подигнеме домот на спасението.
 Морепловецот ќе помине три четвртини од патот, но сеуште не допловил до крај и не може да каже дали ќе доплови. Така и ти: никогаш за себе не сметај дека си ја достигнал (целта), туку сметај дека штотуку ја бараш. На намалувањето на своите страсти не му верувај, на доверливоста на своите добродетели не се потпирај. Сето тоа може во миг да пропадне.
 Смирението и скрушеноста треба да ја сочинуваат основата на вашиот живот; тоа е својствено на сите кои живеат во вистинскиот дух Христов.
 Најдобро е ако сосема се зборавите себеси и ако на ум го имате само тоа, како со своите мисли, зборови и дела да не го разгневите Бога. Ако не се чувате и ако обрнувате многу внимание на човечки зборови и погледи, тогаш од себе (извинете) ќе направите чир, многу чувствителен дири и на струењето на воздухот, а уште повеќе на допир. Еве мери: кој е смирен, тој не може да забележи дека кон него некој се однесува со недоволно почит: зашто тој се смета толку низок, што никој не може доволно да го понижи, колку и да се труди. Во тоа е премудроста!

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски