Св. Филарет Дроздов


blagoslovuvanje.dete.jpgНе недостасуваат дарови Божји за нас, туку нас нè нема за да ги примиме  Неговите дарови. Бог, по Својата безгранична добрина и милосрдие, секогаш е подготвен да му ги даде сите дарови на човекот, но човекот не е секогаш подготвен да прими нешто од Него.
Благодарност спрема Бога за даровите добиени од Него е сад во кој Божјата благодат внесува нови дарови.
Како што на милосрдието Божјо му е својствено да ни ги открива – дури и на недостојните – ризниците на Својата благодат во очекување на нашето покајание и исправување, така и на Неговиот праведен суд му е својствено да ги одзема Божествените дарови коишто со нашата негрижа сме ги навредиле и посрамиле, и да ја казнува неблагодарноста.

Во Царството Небесно се влегува преку многу страдања
Човекот се раѓа, живее и умира потчинет на законот на страдање. И сета твар му е потчинета на тој закон. Родилката се мачи, младенецот плаче, оној што умира – страда, плачат оние што остануваат по него. На почетокот од животот човекот страда од немање сили и поради несовршеност на способностите; пред крај на животот страда зашто ги губи силата и способностите.Ако меѓу овие две крајности постои некаква средина, и таа на крај се исполнува со страдања, зашто човекот никогаш не е задоволен со своите способности и со исполнувањето на своите желби.  
Во привремениот живот на човекот, повреден од гревот, Бог не дејствува толку како судија, зашто за тоа е предвидено посебно време на крајот на вековите, колку што дејствува како лекар, зашто ова е време за лечење. Затоа и му одредува на човекот соодветна мера на страдање и грижа, не како досудена казна за делата, туку како дозирано лекарство способно да ја победи силата на гревовната болест.
Разумот, недоволно потчинет на верата и недоволно просветлен со неа, не може наеднаш да разбере навистина ли и зошто патот кон Царството Божјо минува низ страдања.
Секое добро, секоја радост, секое задоволство во природата, повеќе или помалки вредно, се купува со страдање.
Ако со драга волја одите и по трнлив пат, знаејќи дека тој пат води кон татковиот дом, тогаш со драга волја ќе тргнете и по патот на грижи, по кој се стасува до Царството Божјо.
Кој не се потчинува доброволно на очистувачкото дејство на внатрешната болка од самопрекорување и покајание, а и надворешните страдања не ги прима со трпение и смирение, тој уште не стапнал на патот кој води кон Царството Божјо.
Бог бара од тебе трпение и надеж кога ја потчинуваш душата на лишување, заради нејзино испитување и очистување.
Како што при удир на железо во тврд камел искокнуваат искри, од кои пред тоа немало ниту трага, така и при удири на страдања во тврдата душа блеснуваат искри на добродетели, коишто без нив не би се пројавиле.

 

Подготви: д- р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}