Dorotea.sv.Teodot.jpg

Топлината духовна
Топлината секогаш треба да се подражава, колку што тоа зависи од нас. Тука нема што да се дослушкува и разјаснува. Ова се знае само по себе. Како надворешната ладност, така и внатрешното ладење непосредно се чувствува. Кога ќе се почувствува, треба да се загрее со продлабочување на вниманието и со појачано обраќање кон Господа: „Не оставај ме Господи, не отстапувај од мене!“ На тоа треба да се придодаваат и помисли за поразувачките вистини: падот, уредувањето на спасението, смртта, Судот, наградата и останатото. Вистинската топлина е – дар Божји; но постои и природна топлина, плод на посебните напори и на слободното расположение. Тие се оддалечени една од друга како небото од земјата.
„Мислите ме изморија, не ми  даваат да застанам пред Бога“. Ова е знак дека вашата топлина не е Божја, туку сопствена. Прв плод на Божјата топлина е собирањето на мислите во едно и нивно неодстапно насочување кон Бога. Тука станува исто како и со жената која патела од крвотечение. Кај неа запкре крвта... а овде се застанува токот на помислите. Што е потребно? Држејќи ја својата природна топлина да не ја сметаме за ништо друго, туку само за подготовка за Божјата топлина; потоа да тагуваме за скудноста на Божјото делување во срцето и така непрестано да се молиме: „Милостив биди! Не одврраќај Го лицето Твое!.. Просвети Го лицето Твое!“ Освен тоа, треба да се удвотројат телессните лишувања... во храна, сон, напори и слично. Зашто суштината е – да се предадеме во рацете Божји.
Кога топлината на духот ќе ослаби, треба да се погрижиме за нејзино обновување, паѓајќи со страв и трепет ничкум пред Бога. Сè е од Него. Унинието, чмаењето и обременетоста на духот и телото понекогаш може ќе се појават на подолго време. Не треба да се биде малодушен, туку цврсто да се стои на своето, усрдно исполнувајќи ги прифатените правила.
Стравот Божји ја чува и поттикнува внатрешната топлина. Но потребно е и смирение, и трпение, и верност на правилата, и над сè трезвеност (очистување од страстите).
Строгоста на надворешното подвижништво требада одговара на обновувањето на внатрешните сили на духот. Најпрвин загреј го духот на ревноста, а потоа наложи на себе и строгост: зашто во тој случај постои во тебе нова внатрешна сила, способна да издржи строгост и да донесе корист. Ако пак се прифатиш за строгост без споменатата ревност, поведувајќи се или само од примерот на другите, или од надворешниот изглед на подвижништвото, тогаш тоа нема да ти биде од корист. Малку ќе издржиш во таа строгост, а потоа ќе ослабиш и сè ќе отфрлиш. И ќе ти биде уште полошо отколку што ти било претходно. Строгост без внатрешниот дух, тоа е исто што и закрпа од свила на излитена облека, или ново вино во стари мевови. Закрпеното ќе испадне и скинатината ќе биде уште поголема; а виното ќе го скине мевот, па и самото ќе пропадне и мевот ќе го направи неупотреблив. Тоа секако не значи дека строгоста не е потребна, туку само дека треба исправно да се применува. Важно е да се постигне потребата за строгост да доаѓа одвнатре, а не да притиска само однадвор, како терет.
Топлината на срцето е добра состојба. Треба да ја чуваме и подражаваме. Кога ќе ослаби загрејте ја како и што правите: да се собирате колку што можете внатре и да го повикувате Господа. Да не би заминувала, потребно е да избегнувате расејување на мислите и впечатоци на чувствата кои не се во склад со таа состојба, да избегнувате срцето да се врзе за било што видливо... и никаква грижа да не го обзема целото внимание. Вниманието кон Бога нека биде непрестајно и напрегнатоцта на телото непопустлива – во ставот мирно, како војник. Главно е – да се молите на Господа да ја продолжи оваа милост.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)