Надежта на Бога
Не грижете се (Мт. 6, 31). А како да се живее? Потребна е храна, потребно е пиење, облека. Но, Спасителот не вели: „ништо не работете“, туку не грижете се. Не замарајте се со грижаа која деноноќно ве јаде и не ви дава ни момент мир. Таквата грижа е - грев.


Душевниот мир
... Ако човекот се земе себеси во рацете и почне сам да управува со својот духовен живот, како награда ќе добие непоматлив душевен мир...
Духот Свети го избавува нашиот дух од устата на душевните и телесните страсти и населувајќи внатре спокојство, го држи во мир со Бога и со браќата.
... Вистинскиот мир не е надвор, туку внатре и за извор нема надворешни околности, туку добар внатрешен поредок. Кога ова ќе го има, надворешноста и сама ќе му се прилагоди.
Кој ова (мирот) ќе го постигне, не може да не се радува. Работникот кој така се труди, заслужува да вкуси и плод, а плодот е радост и блаженство.

Сеопростување
Зашто ако им ги простите на луѓето нивните согрешенија, ќе ви ги опрости и вам вашиот Отец Небесен. Ако пак  не им ги простите на луѓето нивните согрешенија, ни вашиот Отец нема да ви ги прости согрешенијата ваши (Мт. 6, 14-15). Каков едноставен и пристапен начин за спасение! Ти се простуваат гревовите, под услов ти на својот ближен да му ги простиш согрешенијата против тебе. Значи, сам си во свои раце. Прекрши и од несмирени чувства кон братот, премини на искрено смирени – и тоа е сè. Денот на простувањето – колку велик и небесен ден Божји! Кога сите би го искористиле како што треба, денешниот ден од христијанскитее заедници би направил рајски заедници и земјата би се сливала со небото.
Колку е кратко човечкото трпение! Применувајќи го Своето долготрпение  на нашите слабости, Господ одредил: не ти велам (да проштеваш) до седум пати, туку до седумдесет пати по седум (Мт. 18, 22). Тоа е исто што и да се каже: секогаш проштевај и  не помислувај да не проштеваш. Сепростувањето и ќе биде каректеристична црта на христијанскиот дух, зашто сепростувањето е – извор и постојана поддршка од Бога на нашиот живот во Господа. Постојаното простување сè на сите – тоа е облека на надворешната христијанска љубов која, според Апостолот, долго трпи, благотворна е, не раздразнува, сè носи (1. Кор. 13, 4-7). Таа е најсигурна гаранциија за опростувањеи на последниот Суд; зашто ако им ги простите на луѓето нивните согрешенија, и вам ќе ви ги прости вашиот Отец Небесен (Мт. 6, 14). Така значи, ако сакаш во  рај – простувај на сите, искрено, од срце, да не остане ни сенка непријателство.
... За нашето самољубие нема ништо потешко од простувањето. Некоја случајна непријатност, која што ни е причинета тајно, никој да не види, уште сме подготвени да опростими, но кога е во прашање нешто забележливо, па уште и предлуѓето, не ни прашувај: нема опростување. Се случува да сакаш – не сакаш, не можеш да го изразиш незадоволството и ќутиш: јазикот ќути, а срцето зборува и прави зли планови. Нека се подигне непријатноста за уште еден степен и – човекот повеќе не може да се совлада: ни страм, ни страв ни губитоци, ништо нема да го запре. Пробудениот егоизам го прави човекот речиси пореметен и оној кој ќе му подлегне почнува да прави глупости. На таа несреќа претежно се подложни не било какви луѓе, туку колку е некој поцивилизиран, толку е почувствителен на навреди и помалку простува. Понекогаш надворешните односи сепак остануваат израмнети, но внатре дошло до конечен раздор. Меѓутоа, Господ бара да простуваме од срце.