Pravedniot.Jov.jpg

1. Имај го Бога за почеток и крај на секое дело.
2. Најдобрата полза од животот е – да се умира секојдневно.
3. Грижи се да ги дознаваш сите постапки на добродетелните.
4. Тешко е да се живее во беда, но уште полошо  – да се збогатиш неправедно.
5. Правејќи добри дела, мисли дека го подражаваш Бога.
6. Милост Божја барај за себе, правејќи милост кон ближните.
7. Владеј над телото и смирувај го колку што е можно подобро.
8. Скротувај го гневот, за да не излегуваш од умот.
9. Задржувај го окото, и јазикот нека знае  мера.
10.  Ушите нека бидат затворени со клуч и смеењето да не љубодејствува.
11. За светилник на целиот твој живот признавај го разумот.
12. Пази, поради воображение да  не побегне од тебе дејствителноста.
13. Сè разбирај, но прави го она што е дозволено за правење.
14. Знај дека ти самиот си страник; и почитувај ги оние што странствуваат.
15. Во време на благополучно пловење, најмногу мисли на бура.
16. Сè што ни се дава од Бога, сè треба да се прима со благодарење.
17. Подобро е казна од праведник, отколку чест от порочен.
18. Пред вратите на мудрите стој постојано, а кај богатите не стој никогаш.
19. Маловажното не е маловажно, кога произведува нешто големо.
20. Зауздувај ја наглоста – и ќе бидеш голем мудрец.
21. Чувај се самиот себе, а врз падот на другиот не се смеј.
22. Пријатно е да  возбудуваш кон себе завист, но многу е срамно самиот да завидуваш.
23. Во жртва на Бога првенствено пред се друго принесувај ја душата.
24. О, кога  некој би  го исполнил сево ова!- тој би се спасил.

 Pravedniot.Jov.jpg

 

 Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред да се крсти учеше во Атина заедно со Св. Василиј Велики и со Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка Нона. Кога го заврши школувањето го прими Светото Крштение.

Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен Богослов. Особено значајно е неговото дело „Беседа за Света Троица“. Пишуваше против еретикот Македониј, којшто учеше искривено за Светиот Дух (како Духот да е Божјо создание) и против Аполинариј, којшто учеше искривено за Христос дека немал човечка душа, туку дека Неговото Божество му било наместо душа. Пишуваше и против царот Јулијан Отстапник, неговиот некогашен школски другар.

Во 381 година, кога во Соборот настана расправија околу неговиот избор за архиепископ, тој се повлече самиот, откако рече: „Не можат да нѐ лишат од Бога оние што нѐ лишуваат од престолот“. Потоа го напушти Цариград, отиде во Назијанз и таму до смртта поживеа во повлеченост, во молитва и во пишување корисни книги. 

 Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

      Иако беше со слабо здравје цел живот, сепак доживеа осумдесет години. Моштите подоцна му ги пренесоа во Рим, а главата му се наоѓа во Успенскиот Собор во Москва. Беше и остана прекрасно светило на Православната Црква, како по кротоста и чистотата на карактерот така и по ненадминливо длабокиот ум. Се упокои во Господ во 390 година.

Дела

Како црковен писател и богослов, иако не оставил многу дела (45 слова, 508 стихотворби и 243 писма), потполно заслужено стекнал голема слава. Неговите дела се користат уште од древно христијанско време со најголема почит, со исклучителна познатост и авторитет во Црквата Христова. Делата на ниеден друг отец на црквата не биле толку предмет на разгледување и изјаснување, како делата на свети Григориј Богослов

.1.    Слова. Славата на свети Григориј како црковен писател и богослов се должи главно на неговите слова. Напишал „пет слова за богословието“ како и многу други на разни теми.
2.    Стихотворби: слично како незнабожечката поезија, и тој своите богословски размислувања ги пишувал во стихови, за да им бидат достапни и сфатливи на младите од негово време.
3.    Писма: од него се зачувани 243 писма, од кои поголемиот број ги собрал самиот тој по молба на младиот роднина Никовул. Од нив се открива самото срце на светиот Григориј.

Преподобен Публиј

 

 

Извор:Харвест од Минск и Аст од Москва 2000 г. ( Класическаја фолософскаја мислa)

Подготви: монаха Нил