AdamiEva.jpg

Спомнување на покојните

 Јас отскогаш сум бил на мислење дека за умрените не треба дасе облекува црнина, туку празнична облека и дека не треба да се пеат тажни песни, туку да се служи благодарствен молебен.
 Тоа не е неочекувана несреќа, туку заедничка судбина на сите нас. Разделувањето е тажно, но тоа не е без крај... Денес-утре и ние ќе отудеме таму. Тажна е неизвесноста на состојбата на оној кој отишол, но верата дека тој преминува во рацете Божји го растерува секој мрак. Кај праведниот Господ ништо добро не бива заборавено... Кога некој ќе отиде кај Господа, Господ не се труди да го осуди, туку да го оправда...
 Повеќе молете се за упокоениот. Нему сега повеќе од сè му е потребна молитва. Молитвата е и застапничка пред Бога и директно делува на душата на упокоениот, надахнувајќи ја, греејќи ја и снажејќи ја.
 Спомнувањето од срце, тоа е главно од наша страна; а од страна на Црквата Божја – бескрвната жртва. Заедно, тие сочинуваат целовито дело на споменување.
 Неочекувана смрт. Иако е тажна и неизбежна, нејзе не ù се туѓи христијанските утехи. Зрел плод. Право пред престолот Господов. Ќе се молиме за неа. Но, зар нема побрзо ние од неа да добиеме молитвена помош?! Ние христијаните не одиме во непознато. Со тоа, ако некого не го оптеретуваат смртни гревови, ние несомнено веруваме дека му се отворени дверите во Царството Небесно. Ако на тоа му се придаде и некакво добро дело, и некоја жртва ради Господа, тогаш со тоа побрзо не треба да остане сомнежот во врска со блажениот дел на оние кои заминуваат.
 Прашувате зошто ги спомнуваме умрените? Затоа што ни е заповедано така да правиме. А дека е заповедано се гледа од тоа што во Црквата Божја невреме кога такво спомнување немало... Оние кои отишле се живи, и нашето општење со нив не се прекинува. Како што се молиме за живите,  не правејќи разлика дали некој оди по праведен или друг пат, така се молиме и за оние кои отишле, не истражувајќи дали се приброени кон праведните или грешните. Тоа е долгна братска љубов. Додека верните не бидат разделени со последниот Суд, сите тие, и живите и мртвите, сочинуваат една црква. И сите взаемно, едни кон други, должни сме да се однесуваме како делови на едно тело, во духот на добронамерност и општење во љубовта, и живите и упокоените, не раздвојувајќи се со умирањето.
 Упокоените на новиот живот не се навикнуваат веднаш. Дури и кај светите некое време се задржува прриврзаност за земјата. Додека таа да исчезне, потребно е подолго или пократко време, во зависност од степенот на приврзаност за земното. Молитвите во третиот, деветтиот и четириесеттиот ден укажуваат на степенот на очистувањето од приврзаноста за земното.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.