Смртта на децата

 Умрела ќерката – добра, чедна. Треба да се говори: слава Ти Господи, што си ја однел малку порано, не дозволувајќи да се вплетка во соблазните и лажните утехи на овој свет. А вие тагувате затоа што Господ ја избавил од тие страсти, и чиста и непорочна  ја зел во Своето свето Царство. Испаѓа, би било подобра да пораснела и да тргнала по лош пат, што денес не е ништо необично, посебно за такви симпатични девојки каква, како што велите, била покојницата. Чудна е мајката – жали што ќерката ù е спасена, а не погубена.
 Сите ваши деца отишле во рај. Во тоа не може да се сомнева. А да останеле живи, не би имало место за увереност во тоа.
 Господ со вистинскиот светол дел на децата ве избавува од средба со нивниот зол и непоправлив дел (прераната смрт на децата чиј дел е рај ја избавува од тоа да ги види во пеколот зашто подоцна би паѓале во гревови).
 Да не се тагува... не може да не се тагува. Тагувајте. Тоа е сосема природно; ни Господ, Кој е на секое место, гледајќи на вашата тага нема да се навреди што со жалост во срцето го дочекувате тоа што Тој, секако од љубов кон вас, благоизволилда ви го испрати. Значи, тагувајте, но со мера, како Јов. Нему сите десет деца одеднаш му се одземени. И тој секако тагувал, но не допуштал  неговата тага да се разлие прекумернно, победувајќи ја со спокојството, кое се раѓа од предаденоста на волјата Божја. „Господ даде, Господ зеде. Како што изволе Господ, така и стана“. Напрегнете се и вие да се искачите до таква предаденост; ако не можете да ја достигнете, повикајте кон Господа, Кој е близу и брзо ќе ве чуе: Тој ќе ви даде.
 Сами укажавте на изворот од кој треба да црпите утеха – од верата дека вашите деца се живи и дека се наоѓаат во подобра положба отколку да се кај вас, во рацете на таткото и мајката. Тие не се лишени ни со општењето со вас, туку се наоѓаат покрај вас. И мислам дека многу се чудат кога ве гледаат како плачите и се прашуваат еден со друг: зошто тато и мама плачат? Нам ни е толку добро. Ние не сакаме кај нив, туку сакаме тие што побрзо да преминат кај нас.
 Нашата жалост за оние кои си отишле со зголемува покрај погрешните представи за нивната состојба после смртта! Ние ги замислуваме како лежат во гробот, како се спуштени во влажна и мрачна земја... А всушност се случува тоа, што душатасе одвоила од телото штом излегла од него. Во таа одвоеност и треба да ја замислуваме – во место светло и свежо. А ние се кинеме – скоро непотребно.
 Повелете, смирувајте се по малку, за на крај сосема да би сте се смириле. Не заборавајте ни да вознесете благодарност на Бога. Ви посакувам многу успех во тоа.  Нека Бог ви ја утеши секоја утеха со Својата Очинска утеха.
 Зошто учевме? Треба да покажеме и на Бога и на луѓето дека Божјите вистини не ни се повторувани залудно.
 Дека е горко, горко е... Тука нема ништо... Но, пак ќе ви речам: жалете со мера. Поминете со срцето низ заветите на нашата светла вера и колку само созерцувања ќе поисцрпите од неа, за утеха во вашатаа жалост?!
 Зар не верувате дека Бог подобро од вас знае што е за вас, вашата сопруга и вашите деца душекорисно? Или сметате дека Бог ве заборавил, па несакајќи го допуштил она што ви се случило, без тоа посебно да ви е насочено на добро? Или сте му вие на Бога можеби очув и маќеа... а не син и ќерка?!

  


 Вие своето внимание во потполност сте го насочиле на болната страна на работата... и во тоа не ја гледате Божјата грижа за вас?! А таа навистина постои... не ја чувствувате?! Таа и е таква. Сега не може да се почувствува... туку се забележува потоа. Воскреснете ја верата... и како река оттаму ќе потече утеха.
 Ќе ви раскажам еден случај... Во Санкт Петербург една угледна госпоѓа... изгубила три деца – паметни, мили, добри. Особено најстарата ќерка била побожно настроена и знаела да се моли... Дали е тоа мал бол?! Но, ова не е сè. После извесно време го изгубила и мажот... после тоа останала без ништо... Болката немала крај. Таа била храбра, предавајќи се во молитвите на волјата Божја. Но тагата ја гризела... Конечно, Господ ù се смилувал и ù испраттил сон... Во полусвесна состојба го видела својот маж. Го прашала: „Што е со тебе, како си?“ „Ништо – вели тој – Господ е милостив. Но треба да се претрпи, додека не отиде таа густа магла“. „А децата?“ „Децата се таму...“ – рекол, покажувајќи на небото. „А Маша?“ (постарата, петгодишна ќерка). „Маша Бог ја праќа на земјата да ги теши оние кои патат...“
 Од тогаш болката се повлекла. Значи, видоовте каде се децата? И вашите се таму. А дали би стигнале таму да останеа живи? Кој знае. Сега меѓутоа тоа е сигурно. Што вие родителите подобро би можеле да им посакате на децата?!
 Задржете се на таа мисла... дека судбината на вашите дееца е одредена на најдобар можен начин... И престанете да тагувате.
 Зашто и вие ќе умрете... Ќе има кој да ве дочека... а богами и да ве заштити.
 Телото ќе умре, а душата ќе биде жива. Нејзе без телото ќе ù биде подобо отколку со него. Кога ќе излезе од телото ќе долета кај вас... па умилно ќе ве теши. Ќе ви говори: „Мамо! Колку ми е убааво! Оставај јаа што побрзо земјата и доаѓај кај мене!“ Таа нема да биде во состојба да ја сфати вашата тага: нејзе ù е подобро, а вие тагувате.

 

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.