Зависта

Назаретјаните се восхитувале на зборовите Господови, но сепак не поверувале: им сметала зависта, како што открил Самиот Господ. Секоја страс е противна на вистината и на секое добро, но зависта најмногу, зашто нејзината суштина ја сочинуваат лага и злоба; таа страст е најлоша и најотровна, како за оној кој ја носи, така и за оној кон кого е насочена. Во мали размери таа постои кај секого... кога егоизмот ќе се раздразни, зависта почнува да го подрива срцето. Тоа сеуште не е така страшно кога на човекот му е отворен патот; но кога патот е затворен и тоа од страна на оној кон кого веќе се појавила завист, тогаш нејзините тежнеења веќе не можат да се запрат: мир тука веќе не е возможен.

Зависта бара фрлање на својот противник од повисокото место, и нема да се смири додека не го постигне тоа или додека не го погуби самиот завидливец. Добронамерните луѓе, кај кои чувствата на симпатија преовладуваат над егоистичките чувства, не страдаат од завист. Тоа укажува на патот на гасење на зависта кај секој кого таа го мачи. Треба што побргу да се разбуди  добронамерност, особено кон оној кому му завидуваш и да се покаже на дело, па зависта веднаш ќе се стивне. Ако ова се повтори  неколу пати, зависта, со Божја помош, сосема ќе исчезне. Но, ако ја оставиш – ако не се совладаш себеси и не се принудиш на правење добро кон оној кому му завидуваш – таа ќе те мачи, исцрпува и турка во гроб.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.