Vecerna.Ksenija.jpg

Спиритизмот

Спиритизмот е отворена и со ништо прикриена демонизација. Нечистата сила тука е опипливо присутна. Кој делува – за тоа може да се суди по манифестациите. Тие ни самите не кријат дека се демони. И што уште? Велат дека се само претходници. Имав можност да видам Евангелие кое го протолкувале спиритисти (какви толкувачи?!). Тука и соопштиле дека се само претходници; а еве, велат, ќе дојде нашиот старешина и тогаш сè ќе биде појасно. Очигледно е кој е тој старешина и познато е зошто ќе дојде.
Во весниците објавиле дека некои извесни момци бараат дозвола за основање на некакво друштво на идеалисти... Знаете ли што е тоа? Тоа е спиритистичко друштво. И нивни предводници се – озлогласени спрититисти. Спиритизмот е демонизација. Следствено на тоа, во прашање е демонско или демонопоклоничко друштво.

Идолопоклонството

Суштината на идолопоклонството е во тоа што на созданијата им придаваат Божествени својства и заради тоа ги почитуваат... ние пак на светителите Божји никакви Божествени својства не им придаваме... туку ги почитуваме како најсовршени меѓу луѓето, кои достигнале во мерата на растот на полнотата Христова... и преку тоа се приближиле до Бога повеќе од другите. Влезете во себе и погледнете: ги сметате ли вие светителите за богови...
Секоја страст е идол. И секоја приврзаност за било што, макар и не грешно, исто така спаѓа во идолослужење... Беспоштедно преиспитувајте се. Стомакоугодувањето е најгнасен идол. Со поклонувањето на него започнува пропаста...

Богатството (среброљубието)

Тешко му е на богатиот да влезе во Царстввото Небесно (Мт. 19, 23). Тука се мисли на богаташот кој во самиот себе гледа мноштво можности и сила за постигнување на својата благосостојба. Но штом оној кој има многу, ја одсече секој приврзаност за својот имот, ја угаси во себе секоја надеж на себеси и престане во себе да ја гледаа својата главна поткрепа, тој во срцето станува исто што и оној кој нема ништо: отворен му е патот во Царството Небесно. Богатството тогаш не само што не му смета, туку му помага, зашто му дава можност да прави добро. Богатството само по себе не е зло, туку зло е надевањето во него, зла е приврзаноста за него. Оваа мисла може да се уопшти на следниов начин: во што човек ја полага надежта и за што се врзува, во тоа е и богат. Кој само на Бога се надева и за Него со сето срце се приљубува, тој е богат со Бога. Кој на нешто друго се надева, кон тоа го свртува и срцето, а не кон Бога; тој и со тоа другото бива богат, а не со Бога. Оттаму произлегува: Кој не е богат со Бога, за него нема влез во Царството Божјо.
Среброљубецот е идолослужител... Ако кога давате не ги жалите парите, тогаш тука нема страсти на среброљубие, туку само желба да се има пари кои би биле при рака за секој случај – за сопствена потреба или за потребите на ближниот. Иако во тој случај постојат нитки на приврзаност, тие се како пајажина. А целта е – да се нема ништо. И блажени се оние кои успеале својот живот да го уредат според тоа начело. Но, барањето на ова начело е толку широк – ни ѓубре да нема во келијата. А што правиме ние? Тука ќилим, овде диван, таму фотељи, таму столици, сè удобно... и пријатно за очите. Па после чизми, па чорапи, па раса, па подрасник... и сè друго... Каде е тука одвоеноста од светот? Светот е во нашите раце... ние го љубиме и прегрнуваме!! Јас тоа го описувам според себеси. Пари е добро да не се собираат... Парите нека стојат додека не се укаже прилика да ги – дадете. И тоа е доста...
Оние кои живеат во изобилие, не треба да мислат дека се домаќини, туку само управители на Божјото (имање). А што е законот за управителите? Сеекому да одмерат што му е неопходно...
Ве опкружува раскош? Што да се прави, таков поредок владее во светот. Нека. Само со срцето на тоа не се предавајте; потрудете се во срцето да владее такво расположение, да ако на Бога би Му било угодно сè да ви одземе, вие мирно прифатете да одите во кожуви и опинци, и да живеете во трошна куќарка. Е, тогаш ќе бидете отшелник среде раскоши и богатства.
Кога имате своја потреба (за пари), задоволете ја, а останатото поделете го со сиромашните и останете без ништо. Главно е – да не се полага надежта во пари. Манастирите трошат, а на сиромасите им е тешко.
Други страстни луѓе бараат за себеси било каква наслада преку задоволувањена страстите, а овој (среброљубивецот, тврдиот), задоволувајќи ја страста, се мачи себеси со лишување, како непријател.
Кога се парите во прашање, главно е да не се наклонувате на нив со надежте, а потоа да не се врзувате со срцето за нив и на крај, да не го употребувате само на себе, туку да го делите со оние на кои им е потребно – во слава Божја. Вие така правете и не отстапувајте од тоа...

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.