Vecerna.Ksenija.jpg

Сомнежите

Сомнежи се појавуваат скоро кај сите, но тие доаѓаат и си одат. Секогаш исто така може да се најдат и мисли кои ги победуваат сомнежите и ги изгонуваат. Делата Божји треба да се набљудуваат од сите страни: тие имаат светла и пресветла страна, но и затемнета, прикриена. На таа последна странасе сите сомнежи. Бог така уредил за да би испитал колку искрено го бараме и да би го видел смирението со кое му пристапуваме на тоа дело...
... Сè наоколу е толку мрачно, ако се се гледа надворешно. Постои меѓутоа светло водство Божјо, со кое Тој сè и секого води до крај. Никој не е заборавен. Бог е на сите Отец. Колку е несреќен нашиот род, кога за негово спасение било неопходно Самиот Бог да слезе кај него, да ја прими неговата природа – и во таа природа да го исчекори патот до онаму кај што е Тој Самиот – оддесно на Отецот? Тоа што не веруваат сите , не го намалува значењето на верата. Треба да се гледа на оние кои веруваат искрено и на тоа што им се дава преку верата... А тоа што овде-онде се случува нешто мрачно и лошо – зошто на тоа би обрнувале внимание? Господ нè повикува на вера. Он ви посакува спасение – и ќе се спасите, ако се покорите на Неговиот глас. Ради Господа, Кој толку ве љуби, пригушете ги сомнежите. Со тоа ќе принесете жртва на Господа, за која вам Он нема да ви остане должен. Сомнежот потекнува од вашиот ум. Ѓаволот приоѓа и во пченицата сее какол. Ако е тоа така, има ли смисла да го слушаме ѓаволот, кој ни подготвува пропаст и да се оддалечуваме од Господа Кој ни пружа рака да би се спасиле? Смирете се и молете се. Господ е близу и гледа...
Себе сметајте се за лице кое доживува наговори на некое грешно дело или зла похот. И учете се во односот на сомнежите да постапувате како што постапувате со похотите. Прво средство за оној кој се соочува со злите склоности е – да не ги смета за свои, туку за посејани и да направи разлика помеѓу себеси и посејаниот, та кон него да не се однесува како кон свое дете, туку како кон ѓаволски пород. Принудата за постапување според наговорот послетоа, не само што истиот час почнувада слабее, туку и сосема ја напушта душата. Луѓето обично мислат – ако твојата природа тоа бара, како да не ú удоволиш? Меѓутоа, на оној кој во штотуку родената желба веднаш препознал туѓ пород, ни на памет нема да му падне таков став, туку нешто сосема друго. Тој на таа желба ú се обраќа со прашања и ја подложува на анализа и критика. Тој многу прост метод го расејува искушението: тоа исчезнува како чад на ветер. Токму тоа треба да го правиме кога ќе се појави сомнеж.
Никогаш немојте да се сложите со негово умот, како тоа тој што го вели да е вистина, туку запрете ја на влезот, како несакан гостин и подложете го на преглед. Како што кај желбите не треба да се согласуваме со нив во срцето, така и кога се сомнежите во прашање, прво е – да не се согласуваме со нив во умот. Ќе речете дека тој одеднаш го опфаќа и зазема сиот ум. Тоа не е ништо. И со желбите е исто – тие одеднаш го обземаат целото срце. Но тоа не значи дека тие вас ве совладале, туку само ја покажува бесрамноста на напаѓачот. Ако некој изненадно се фрли на вас и ве стегне со рацете, вие нема да му се предадете, туку ќе го оттурнете: така е и овде. Нека сомнежот го зафатил и целиот ум, напрегнете се да го одбиете, како би останал надвор од вас и како би можеле кон него да се однесувате како кон друго туѓо лице.
Ако почнете така да постапувате, многу сомнежи ќе исчезнат истиот час кога ќе ги оттргнете од умот и ќе ги подлегнете на суд... Кога се пак желбите во прашање... постои друг метод: наместо лична борба со нив, треба да се обраќате на Господа Спасителот и тие исчезнуваат. Мислам дека исто треба да се прави и со сомнежите. Со умот обраќајте Му се на Господа и молете го да ги прогони и искушението и искушувачот. Па така и ќе биде.

Трет метод е - да се обнови доброто во себе во неговата вообичаена сила... Она што понекогаш станува, доаѓа од ѓаволот. Вие секако имате за што да се прифатите во себеси. И прифатете се. Побрзајте да ги разбудите  добрите мисли и чувства кои ги имате. Мислам дека сиот проблем кај вас е во тоа, што сомнежите кои се израѓаат ги примате како другари, ги пуштате внатре и одгледувате, стоејќи на нивна страна. А тоа значи - без борба се предавате во потполна потчинетост на непријателот. Затоа во иднина држете се до убедувањето дека сомнежите не представуваат ништо вистинско и кога ќе се родат одгонувајте ги, својствено трудејќи се да пребивате на страната на доброто и вистината кои сте ги спознале.
Кога ќе ја обновите својата добра состојба, тогаш можете да го анализирате сомнежот. Тука тој ќе се покаже како сосема слаб и победата секогаш ќе останува на ваша страна.
Сомннежи! А кој не ги доживува? И јас сум ги имал. Но почни да го просудуваш сомнежот и тој ќе се распраши. Сомнежот е исто што и приговор. Неочекуван приговор може да збуни, но разгледај го и просуди, па ќе го разрешиш. Исто е и со сомнежите. Поразмислувај и ќе дојдеш до решението: не, тоа е напразно; ништо тврдо тука нема, само привид, како и сите ѓаволи.
Постои начин да се дојде до тоа сомнежите воопшто да не се раѓаат. Мене некој ми кажуваше на кој начин го научиле тоа да го постигне. Замисли ја, вели, вистината и моли се за неа, или во текот на молитвата враќај ја во умот и составувај молитви точно од неа. Ќе дојде момент кога таа вистина ќе влезе во срцето и ќе ја проникна целата душа, хранејќи ја и веселејќи ја. Тоа значи – душата да се сроди со вистината. После тоа сомнежи не можат веќе да ја поколебаат. Тие може да се појавуваат во сеќавање, но стојат далеку од душата, како говор или шепот од зад ѕид. Некој ме научи така да постапувам. Почнав тоа да го правам и, по милоста Божја, иако сум грешен, мојот ум сега спокојно плови во областа на вистината и се теши со неа.

Поставете како закон никогаш да не прифаќате никакви сомнежи и недоумици, туку од првото појавување да ги бркате подалеку од себе, не впуштајќи се во разговор со нив, ма колку темелно и впечатливо изгледале. Со тоа ќе биде означен крај на секое ѓаволско приближување.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.