Vecerna.Ksenija.jpg

Егоизмот

Егоизмот е – корен на гревовите. Оној кој отпаѓа од Бога, на што друго може да се задрже, ако не на самиот себе? И се задржува.Тоа е егоизам.
Надворешните гревови се плодна внатрешната огревовеност. Внатрешната пак огревовеност е сета вкоренета во егоизмот и неговиот пород. Следствено со тоа, хуманистите треба себеси како закон да си постават такво однесување, со кое се гуши егоизмот; а егоизмот најдобро се соборува со спротивставување на сопствената волја. Не попуштај си себеси на волјата и брзо ќе го совладаш егоизмот. Напротив, какви и средства да употребиш против егоизмот, ништо нема да постигнеш ако ù даваш слобода на волјата. Од таму следи дека таму каде што во сè ја бараат својата волја, всушност бараат големо зло – ширење на егоизмот и пресушување на љубовта. Таков е, меѓутоа, духот на нашето време – и злото расте.
Кога егоизмот ќе се всели во срцето, во него се кренува цела војска од страсти. Тој сам ги победува правичноста и љубовта, кои бараат самоодрекување; а страстите кои тој ги пораѓа ги истеруваат сите други добродетели. И човекот станува, според устројството на срцето, неупотреблив за било што добро. Уште може да дава десеток од нане и рута и од секаков зеленчук (Лк. 11, 42), но да направи нешто суштински важно – за тоа во себе не наоѓа храброст. Ова не значи дека и неговото надворешно однесување е  недолично. Не, тоа на секој начин се украсува со пристојност и само внатре во себе е  „гроб скриен, по кој луѓето одат, а тоа и не го знаат“. Почеток на самоисправувањето е – појавување на самоотфрлање во срцето, после што веднаш ќе следат и правичноста и љубовта, а од нив потоа ќе почнат да оживуваат и сите други добродетели.
Луѓето живеат заедно задржувајќи го карактерот на стариот човек и секој бара и сака да постигне само сопствена корист. Затоа се неизбежни непријателството и судирите, по кои доаѓа до раздразливост, со сите страсти кои тоа ги пораѓа. Нивната основа лежи во егоизмот...
Погледнете, кај вас можеби да не е присутно чувство на сопствено значење или да не е, наспроти тоа, одсутно чувството дека сте ништо. Станува збор за најскриеното чувство, но околу него се врти сè во животот. Од него, како прво, доаѓа барањето сè да биде по наше, а штом не е така, ние роптаме на Бога и се срдиме на луѓето. Од него доаѓа увереноста дека сè можеме сами да направиме и уредиме и кога ќе ги употребиме средствата кои сме ги смислиле, очекуваме сè да излезе онака како што сакаме... Бидејќи делото го започнувате без усрдна молитва, и го изввршувате така, тоа и се завршува со роптање ако нешто не е по наше, односно со чувство на самозадоволство ако е по наше. Бога при сето тоа го доживувате како нешто споредно, а не дејствително лице. Погледнете, случајно да не го има случајно ова, а ако го има, макар и во мала мера, потрудете се да го обновите чувството на сопствената ништожност во секој поглед. И секогаш Господа за тоа молете Го.
Околу уништувањето на чувството за своја особена вредност треба само еднаш да се потрудиме... а потоа со него веќе лесно ќе се излегува на крај и тој брзо сосема ќе замре. Тогаш во душата ќе се образува некаква потпора на душевно спокојство! Кога постои чувство за своја особена вредност, тој не го расипува само односот кон луѓето, туку го поматува и односот кон Бога. Тоа чувство е лукаво – како демоните – и вешто се прикрива зад смирени зборови, запоседувајќи го срцето... Поразмислувајте за тоа. Исправно постапувате што се каете заради тие чувства и ги откривате на духовниот отец. Но, имам чувство дека вие тоа го правите само тогаш кога по некој повод на некого ќе го искалите својот гнев; но треба да се откриваат и самите тие чувства, дури и ако не се појават надворешно. Тоа е едно од средствата за разорување на егоизмот. А егоизмот го подрива целиот живот и затоа вреди да се потрудите околу неговото уништување...
Се жалите на умисленост и самозаборав... Тоа се првородни деца на егоизмот.
Вашето прашање – како да се однесувате кон своето „јас“? - сосема е природно во душата кој стапила на патота самоспознанието. Што да се прави? Да се сотрува и да го претворуваме во прав... Целиот живот е наменет за тоа... Методот е едноставен: да не се слуша „јас“ и да се оди против него. Негови дела се: да се верува на својот ум, да се следи сопствената волја, да се поклонува  вниманиена своите чувства. Најопиплива негова пројавае самосожалувањето... Неговото сотрување е одрекување од секоја пројава на тоа „јас“ и постапување наспроти него... Заповедта за тоа сте ја слушнале од устата на Самиот Господ: нека се одрече од себе. Почнете да внимавате на себеси... и да ги забележувате пројавите на своето „јас“... а потоа почнете да му се спротивставувате... во сè, и големо и мало...
... Самозадоволниот живот ќе изеде се она што со вистински напор е заслужено кај Бога; и човекот ќе мора на оној свет да се појави со празни раце.
Да се победуваат своите желби, знаејќи дека е подобро да се одречите од нив отколку да ги послушате, претставува жртва пријатна на Бога, за која Тој ќе возврати со внатрешна утеха. А да се пропуштаат тие прилики за победа над себеси, значи да се става Богоугодувањето под себеугодувањето.
Пишувате да се помолам за ваше избавување од самоугодувањето. Зошто да се  молите за тоа? Бог такво нешто нема да услиши. Он ги слуша молитвите само за оние кои не си угодуваат на себеси. И самиот човек Бог го слуша само тогаш кога тој не страда од овие првородни ќерки на гревот.
Бог дарува и благодат и напредок само за несамосожалување и несебеугодување. Но не ги дава туку така, тука бара човек сам да ги земе, како задача, со што би покажал дека заслужува милост.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.