Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (38)

Esen.manastir1.jpg

Злото

На слободата ù е дадено на волјата да прави и добро и зло. Што мислите, може ли таа слобода до таа мера да се утврди во злото, да ни по која цена не прифаќа да се откаже од него, иако знае дека тоа е нејзина пропаст? Дека може, пример за тоа е станата... Размислете уште, може ли човечката слобода да се осатани? Колку се примери на непокајани грешници?! Што сега со тие сатанизирани?! Злите во рај не може да се примат, а тие не сакаат да се изменат. Останува: или создателно да се преработат, или да се уништат. За преработка нема потреба: и без нив има многу свети. Со тоа, материјалот е потполно расипан. Останува уништување. Но даровите Божји се неразрушливи. Тој не умее да уништува. Ќе го додадам уште и она што Ангелот му го рекол на свети Антониј Велики: Антоние! На себе пази, а тоа е дело Божјо!
Никој не е слободен од ѓавлоските напади, вознемирувања и порази на срцето. Така е уреден нашиот живот. Но тоа не ни е на пропаст, туку на спасение. Во нас се крие секое зло, кое е последица на овие напади. Срецето мораме да го очистиме од таквото зло. Но, за да би го очистиле злото, треба да го видиме; а да би го виделе, тоа треба да излезе од својата скриеност... Кога пак ќе излезе, потребно е да се пресече со : противење, молитва и омраза кон него. И така секојпат кога ќе излезе од скриеноста. Искушенијата од телото, светот и ѓаволот точно тоа и го прават: тие го изведуваат надвор злото кое е скриено во нас. А наша работа е, штом ќе видиме дека излегло од срцето – да го пресечеме. И тоа е добро за нас. Како што општата малаксаност на телото се манифестира преку осип, така злото кое е скриено во нас излегува надвор преку зли мисли, чувства, наговори и пориви... И како што осипот не го тераат внатре, туку го чистат, па на тој начин се чистат и внатрешните сокови, така е и со душата: кога злото покажано преку мисли, чувства и наговори не се сокрива внатре туку се сече, тогаш во душата се утврдува чистота.
На падот му претходи зла помисла (Изрек. 16, 18).Очигледно е – не допуштај зли мисли па нема да има ни падови. Меѓутоа за што луѓето најмалку се грижат? За мислите. Им дозволуваат да вртлосуваат колку и како сакаат, а да не се обидат еднаш да ги скротат или насочат кон разумни занимавања. Во тој внатрешен метеж приоѓа ѓаволот, става зло во срцето, го залажува и наведува на тоа. Човекот станува подготвен за злото, а за тоа ни самиот не е свесен. Му преостанува или да го исполни злото стеснето во срцето, или да се бори. Но нашата несреќа е во тоа што речиси никој не се прифаќа за ова последното, туку сите како врзани се поведуваат по злото.
А Јас ви велам да не се противите на злото (Мт. 5, 39); инаку себеси ќе се принесете како жртва на самољубието и злобата човечка. Но, зар е воопшто можно да се живее така? Не се вознемирувајте. Оној Кој ја дал таа заповед е наш  Промислител и Старател. Кога со полна вера, од сето срце, посакаш да живееш така да не се противиш на никое зло, Господ Самиот ќе ти уреди начин на живот кој не само што ќе биде поднослив, туку и среќен. А впрочем, и на дело се случува противењето уште повеќе го раздразнува противникот и го поттикнува на изнаоѓање нови непријатности, додека попуштањето го разоружува и смирува. Затоа се случува кога ќе ги претрпиш првите налети на злобата, луѓето се сожалуваат и те оставаат на мира. Противењето и одмаздата ја распалуваат злобата, која од едно лице преминува на семејството, а потоа од поколение во поколение.
Дали е злото вечно или ќе биде победено? Читајте што пишува во Евангелието. Ќе има второ доаѓање, Господ ќе суди: праведниците ќе ги воведе во вечно блаженсво, а грешниците ќе ги истера во адот, на вечни маки. Доброто ќе победи; но злото нема да се претвори во добро, туку ќе го добие тоа што го заслужува.
Изворот на злото е во слободата која не сака да се покори на волјата Божја.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)

  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)

  •