Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (36)

 Esen.manastir1.jpg

Искушенијата и борбата со нив

Дали сега разбравте какви се ѓаволските подметнувања?! Немато зошто да им се плашите. Тие немаат никаква власт. Матат, вознемируваат, но не одредуваат. Наше е да ги одбиваме штом ќе ги забележиме; ако повторно се појават, повторно да ги одбиваме и ни под каков изговор да не се согласуваме на нив. Внимавајте на себеси и учете како да се носите со нив. Вие добро правите кога при нападот се фрлате на колена со молитва. Навикнувајте се на молитвата Исусова: таа сама може да ги растера сте војски ѓаволски!
Господ е секогаш помошник на добрите одлуки и подфати. Ќе помогне и овде. Опитот ве научил колку е лошо тоа задоволство... И нема тука што да се учи, дека треба однапред да се наслушува. Злото се потпира само на себе, особено во почетокот. Зар воопшто треба да се подсетува дека ќе се појави нова соблазна и пак ќе почне да привлекува... Затоа треба да се стражари над себеси. Зашто сè е тоа ѓаволско дело. Затоа, кога ќе дојде, што побрзо, при првата појава, треба да се досетиме дека во прашање е ѓаволот кој го предлага своето... со гнев одбијте го и веднаш обратете се на Бога... па ќе се заврши... Ова е главно средство против сите искушенија...
Еве што да правите кога кје се појават зли внатрешни движења кои ве вознемируваат: веднаш со внимание спуштете се во срцето и стојте таму, одбивајќи ги злите насрдби со напрегање на волјата и молитва кон господа. Вие не сте криви што се случуваат напади; но кога не ги одбивате, кога ќе им се препуштите и ќе им покажете сочувство, тогаш тоа е ваша кривица. Срцето од тоа станува нечисто и ја губи смелоста пред Господа. Чувајте го срцето.

Адот

Животниот пат на мудриот оди горе, да би се сочувал од пеколот одоздола (Мудр. Сол. Из. 15, 24). На сите им е познато дека постои ад и дека тука секој може да стигне поради своите дела. Но не се сеќаваат сите на тоа и не живеат сите исправно, како би се видела нивната грижа за да се сочуваат од адот. Живеат како што живеат, насомничаво: може да се случи некако и да не стигнеме во адот. Каде ни е паметта? ВО секојдневните работи уште може да има и насомничави постапки, но во толку важно дело, кое кога еднаш ќе се сврши, во вековите на вековите ќе остане непроменливо, „насомничноста“ е показател на крајна незаинтересираност. Не издигнувај се разуме со својата мудрост кога тоа не го сфаќаш и не ни пружаш мисли кои ни нудат живот: како да се оттргнеме од адот и да се спасиме.
БОг не е причинител на адот и вечните маки во него, туку самите грешници. Кога не би имало непокајани грешници , ни ад не би имало. Господ многу сака грешници да нема, затоа и дојде на земјата. Ако тој сака безгрешност, тоа значи дека сака и никој да не стигне во вечните маки. Сè е на нас. Дајте да се договориме и да го уништиме адот со безгрешност. Господ на тоа ќе се радува; Тој за адот и открил за да би се секој чувал да не стигне таму.

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)

  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)

     

     

     

  •