Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (31)

 Monahinja.namolitva1.jpg

Здравјето

Нарушеното здравје може да го загрози и спасението, кога од устата на болниот ќе се чујат зборови на роптање и несакани извици... Здравјето или болеста се во рацете Божји. По промисла (Божја), тоа се средства за спасение кога и со едното и со другото се користиме во духот на верата... Но, водат во пропаст кога кон нив се однесуваме своеглаво.
Сте биле загрижени заради лечењето. Еве ви лечење. Прибегнувајте кон Мајката Божја и таа секогаш ќе ве држи во добро расположение.
... Не е грев да му се обраќаме на докторот во болеста. Здравјето е дар Божји. Треба да се чува. Кога нема да го сочувате – Бог ги дал лекарите и лековите. Ако ги користите, тоа не значи дека истапувате од Божјиот поредок.
Воздржувањето од страстите е подобро од сите медикаменти; и тоа дава долг живот...
... Здравјето не зависи само од храната, туку најмногу од духовното спокојство. Животот во Бога, отсекувањето на светските желби, го осенува срцето со мир, а преку тоа и сè во телото го држи во здрав поредок.
Оној што ќе оздрави обично се чувствува како обновен. Мислам дека и вие сте го имале тоа чувство. Треба да се постигне тоа телесно обновување да биде пропратено со духовното. Бог ви го дал, или ви укажал на него, низ кратката молитва која тогаш сте ја твореле... Притоа, вниманието да го држите во главата или на небото, туку во срцето, таму внатре, под левите гради. Кога на тоа ќе се навикнете, со тоа лесно ќе растерувате сè што ве вознемирува и ќе привлечете мир во душата.
Духовниот немир и страстите ја расипуваат крвта и сериозно штетат на здравјето. Постот и испосничкиот живот воопшто, се најдобро средство за зачувување на здравјето и негов процвет.
... Заради што поскоро здравствено опоравување, да би можеле полесно да Му служите на Господа, можете без грев малку да попуштите на слабостите на телото – и кога е сонот во прашање, и работата, и стоењето на молитва, па и кога е во прашање храната.

Да се чува здравјето, тоа е обврска. Чувајте го. За смртта треба да размислуваат и здравите. Таа на сите им е зад грбот и секој треба што почесто да се враќа на мислата – смртта се приближува, се приближува!
Здравјето – тоа е коњ. Ако го занемариш ќе немаш на што да патуваш. Секој ден треба да се помине некое време на свеж воздух, да се спие доволно, можеби и малку помалку, а до алхохол да не се допирате воопшто; ..., треба повеќе да одите по куќата отколку да седите. Ни работата нема да остави разорни последици. Ако е возможно, придодајте на тоа и телесни вежби – острење, сечење со пила, стружење, сечење – со тоа човек може да постигне да биде сосема недопирлив за болест.
Целта (на вежбањето) е таа, на ниту еден мускул да не му се допушти да остане неактивен, туку напротив, секој ден секој мускул да се истегне... и напрегне. Тоа допринесува за складно функционирање на организмот.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)

  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)

  •