Esen.manastir1.jpg

Соновите

Може ли да им се верува на соновите? Подобро не, зашто ѓаволот и на јаве многу глупости нафрлува во главата, а во сон му е тоа уште полесно. Ако некој сон и се оствари, кога тоа ќе се случи заблагодарете му на Господа за милоста. За пријатните и поучни сонови исто така заблагодарете. А од соблазнителните сонови што побрзо исчистете ја својата душа и сеќавање, штом се разбудите. Најдобро средство за тоа е молитвата и подсетувањето на добри настани, особено од евангелската историја.
Соновите се – пустош. Внимавајте ѓаволот да не успее некако преку нив да ве излаже. Тој покажува навидум убави сонови, а потоа почнува да труби во ушите: ова Бог ти го испрати како вест за твоите подвизи и слично. Еднаш така, двапати, трипати – и гледаш како душата ти се наклонува на таа страна. Доволно е за влакно да поверуваш дека тоа е од Бога, па истиот час ќе се појави самоувереност и скриени помисли. А на непријателот му е потребно само тоа да го уфрли во душата, па понатаму се лесно ќе му потече.
Гледате, ако во душата постои макар сенка на помисла дека вашите сонови биле нешто посебно, тогаш ќе има неволји.
Не се сеќавам кои отци зборуваат за соновите. Тие не им биле наклонети. Погледнете кај Варсануфиј и Јован, и кај Лествичник. Ми се чини дека има и кај Исак Сирин.
За соновите немам што да ви кажам. Историски е потврдено дека постојат сонови од Бога, потоа сопствени сонови, како и сонови од ѓаволот. Како да се распознаваат – просто не знам што да кажам, дури ни отприлика. Одлучно може да се каже само тоа, дека соновите спротивни на православното христијанство треба да се отфрлаат. И уште: не е никаков грев да не се поверува на соновите кога недостасува увереност. Соновите од Бога, кои треба да се исполнуваат, биле испраќани повторно...
Совладувањето на сонот е дар Божји. Кога за вас би било неопходно да бидете избавени од оваа слабост, Господ одамна би ви го одзел сонот. Но сепак не го одзема? Сигурно тоа не би било корисно за вас. Но, тоа во секој случај не е затоа да би спиеле, туку за да имате со што би сте се бореле. Тоа ви е вежба за духовна сила.

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
  •  

    Посети: {moshits}