Monahinja.D1.jpg

Волјата човекова

Одрекување од својата волја може да се прави на секој чекор... Тоа е духовно дело. Земете за правило да не постапувате сопред барањата на телото...  заради угодување нему, а не по неопходност... и ќе добиете опит на одрекување од својата волја во секој момент... Но, не се вознемирувајте заради неуспесите... Нека ги има... Само не откажувајте се од намерата да одите наспроти телото, и во големо и во мало.
Погледнете уште повнимателно, па во себе ќе увидите дека под тие матни помисли во умот, вашата волја постојано е зафатена со грижите за уредување на (надворешниот) живот, дека тие грижи непрестано ја нагризуваат душата како црв и го тераат напатениот човек од едно дело во друго, зашто не може да го задоволи ништо што ќе постигне, и штом ќе заврши едно, тој секогаш смислува стотици други дела, како да се неизбежни.

Слободата на волјата

 

Секое добро во нас настанува со взаемно дејство на волјата и благодатта... Тоа, воопшто земено, се изразува вака: почни да се трудиш околу нешто и не запирај... Бог ќе виде дека тоа искрено го сакаш и ќе ти го даде... Ако сакаш да задобијаш молитва... труди се околу неа... и Господ ќе ти даде молитва... Ако сакаш да се избавиш од гневливост – труди се околу тоа... и Бог, гледајќи ја твојата усрдност, ќе ти даде негневливост... Чобекот не постигнува ни едно внатрешно дело сам по себе, ако не дојде благодатта; и благодатта не му дава на човекот ништо ако самиот не се потруди... Запомнете го ова.
… Поттикот не е неопходност да се направи, туку предлог на делото. Делото се предложува, а душата просудува и одлучува – да прави или не. Таа одлука во душата никој не може да ја изнуди. Таа сама решава. Божествената сила во тоа не се меша и со никакво влијание не ја врзува слободата на душата.
Прародителите паднале. Зошто? Нашле дека демек е подобро да не се исполнува заповедта, па ја нарушиле. Змијата им предложила. Ева размислила и дошла до заклучок дека предлогот на змијата не е лош, па на основа на тој свој заклучок решила да откине плод и да го вкуси. Таа одлука никој не ја изнудувал.
Духовите исто така паднале – секако после расудувања и самоволни одлуки дека е подобро да не Го слушаат Бога и да живеат по свое. Така заклучиле и отпаднале од Бога. Таа одлука никој не ја изнудувал.
Вака постапува и секоја душа. Подтици може да има многу, па дури и најсилни и најубедливи, но одлуката секогаш зависи од волјата на душата. Таа може да реши сосема спротивно на сите принудни подтици. Земете го примерот на маченикот! Пред него се оружјата за мачење, му се ветува спокоен живот, понекогаш покрај него стојат мајката и таткото кои го наговараат да фрли малку темјан на жар пред идолот, тука е можеби и жената, млада и љубена, па уште и со детето. Колку подтици! А маченикот донесува одлука наспроти сето тоа. Зар не е слободен?! И оној што ќе падне – паѓа по сопствена одлука.
Бидејќи така дознавте дека слободната одлука потекнува секогаш од нас, вие треба да сфатите дека сезнаењето Божјо нема на неа одлучувачко влијание. Тоа прашање одамна е решено на сосема задоволувачки начин. Имено – Бог предвидува, зашто ги гледа слободните одлуки на волјата. Тие одлуки го сочинуваат предметот на Неговото сезнаење и тоа во оној облик во кој се јавуваат – точно како слободни одлуки.
За слободата. Ма колку и да се силни подтиците, одлуката во потполност му припаѓа на лицето кое делува; и секој е свесен за моментот кога во него ќе се слушне: треба да се направи тоа и тоа. Во ова и е суштината на слободата. И никаква сила тоа не може да го истргне од душата.
Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен (Мт. 7, 21). Само со молитва нема да се спасиш; со молитвата треба да се соедини и исполнувањето на волјата Божја – со сè што е нечија обврска, според неговиот назив и начин на живот. За свој предмет, молитвата треба да го има првенствено молењето Бог да нè удостои во ништо да не одстапуваме од Неговата света волја. И обратно, кој има ревност во сè да ја исполнува волјата Божја, нему молитвата му е одважна пред Бога, тој полесно пристапува кон Неговиот престол. А таму каде што молитвата не ја следи живот по волјата Божја, ни самата молитва не е вистинска, трезвена и срдечна, туку само надворешна, прочитана, преку која духовната неисправност како со магла се покрива со мноштво на зборови, со метеж и лутање на помислите. И едното и другото треба да се зачинат со побожност, па и плод ќе се појави.
Вие ја напаѓате слободата, како сè да се одвива така да човекот да мора да постапи на одреден начин, сакал тој или не. Треба само повнимателно да се преиспитаат сопствените дела, макар и од текот на еден или половина ден, па ќе увидете дека сите ние делуваме сами, зашто така сакаме. Кој ве довел вас во Вишата? Дали некој врзан ве довлечкал, или сами сте одлучиле и сте дошле? Тоа што вие го нарекувате принуда е поттик кој секогаш ги следи слободните дела. Но поттикот не е неопходност да се работи, туку предлог. Делото се предложува, а душата просудува дали да работи и донесува одлука... Сама решава...
... Така паднале прародителите и духовите. Паднале слободно, иако Бог тоа го предвидел. Од Божја страна, направено е сè да не би паднале. Тој на прародителите јасно им рекол: немојте да јадете. Укажал и на последиците. Нешто слично треба да се претпостави и за паднатите духови.
Не послушале, кој е крив? Зошто Бог тоа го допуштил? Затоа што инаку би требало да ја одземе слободата или да ги уништи слободните созданија во светот. А без нив, светот би бил неспоредливо понизок отколку што е сега. Бог допуштил да паднат и – уредил начин на станување од падот. Ние стануваме пеку борба... Таков е законот! И сите кои го следат, стануваат наградени со успех...
Кога ќе се појават сомнежи и кога упорно би опстојувале – седнете и детално опишете ги. Уверен сум дека ќе се расејат. Кај вас сè е здраво. Непријателот сее пусти привиденија.

 

AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  •