sv.J.Krstitel.otsecuv.jpg

Чувствата кон Бога

Кога некој ќе праша – „Како секогаш да се биде со Господа?“, смело може да му се одговори: треба да го љубиш Господа и ќе бидеш со Него... А како да се задобие такво чувство? Мислам дека и самото сеќевање на Господаја придвижува љубовта кон Него. Ако на ова се придодаде и размислувањето за тоа што Тој е и што направил и прави за нас, тогаш – не знам чие срце нема да биде допрено. Затоа Светите Отци богомислието или созрцавањето на својствата и дејствата Господови, сосема оправдано го сметаат за клуч на молитвата (воопшто)... и на непрестаната молитва. Зашто од тоа оживува љубовта кон Бога... и човекот се соединува со Господа.
Обидете се сите свои домашни и други работи да ги сфатите така, како да ви се одредени од Самиот Господ; на тој начин треба да ги сфатите не само работите општо, туку е секоја поединечно. Тогаш ќе можете да пристапите на работата знаејќи дека треба да ја извршите на начин угоден на Господа.... Преку тоа, вашите мисли на работа ќе бидат со Господа. Ако на крај, свесни за помошта Божја, Му заблагодарите на Господа, ете Го Господ и на крајот на работата. Ако потоа, на ист начин ја извршуватае и другата и третата работа и така до крајот на денот, тогаш сиот ден ќе ви помине во мисли за Господа. А тоа е и она што се бара, то ест – да се оди во присуството Божјо. Од таму ќе се појави и чувството кон Господа – чувството на страв, побожност, преданост и благодарење. А чувството е молитва без зборови.
Вашите чести обраќања на Бога во текот на денот, при секоја работа и по секоја работа – се многу добра работа. Тоа е дел од општото правила – да се оди пред Бога.
Чувството на благодарност за духовнмото добро, постигнато со помош Божја, исто така претставува пројава на смирение, како и самоунижувањето заради своите неисправности.
... За добро следење на Господа неопходно е потполно одрекување од сè... ни рацете ни нозесте со ништо да не бидат врзани...
Господ рекол: Ако синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни (Јн. 8, 36). Ете каде е слободата! Умот е врзан со оковите на незнаењето, заблудите, суеверијата и недоумиците; тој се бори, но не може да ги скине и да се ослободи. Приљуби се до Господа, Тој ќе ја просвети темнината твоја и ќе ги раскине сите окови со кои е сплеткан твојот ум. Страстите ја врзуваат волјата и не ù даваат простор за делување. Таа се оттргнува, како оној на кого му се врзани и рацете и нозете, но не може да се искуби. Но, приљуби се за Господа и Тој ќе ти даде Самсонова сила да ги искинеш сите окови на неправдата кои те врзуваат. На срцето насрдуваат непестајни немири, не давајќи му оддишка; но приљуби се за Господа и Тој ќе ти даде спокојство; ќе бидеш мирен во себе и сè околу ќе го видиш светло, ќе одиш по Господа без препреки и сопнувања, низ мракот и темнината на овој живот, кон себлагата вечност, пространа и полна со радост.