Magma.jpg

УСТРОЈСТВОТО НА ЧОВЕЧКАТА ПРИРОДА ПРИ СОЗДАВАЊЕТО


Создавање на светот

 Бог од вечноста одредил план за сè што сега се исполнува во времето.
 ... Светот е подигнат со зборот Божји во просторот и времето. Рече – и стана... Рече – и стана... Секој збор што излегувал од усните Божји, раѓал светови кои ние не сме во состојба ни да ги наброиме.
 Но, бидејќи Тој од сите можни облици на постоење на светот благоизволил да го избере точно овој што го гледаме денес, верувајте и сметајте дека тоа е најдоар облик на постоење кој временски ограничената творевина може да го има.
 Сè слободно насочувајќи кон Своите добри цели, Бог не се ограничува со природните закони, кои и самите не се ништо друго освен израз на Неговата волја, па со тоа потполно подлежат на Неговото слободно располагање и измени таму каде што Неговата безгранична премудрост бара.
 Во светот или во неговата структура, треба да се разликуваат, освен природните елементи (стихиите), уште и систем на сили распоредени на скала – од пониски кон повисоки. Најниска е онаа која деува во мртвата природа и чии крајни производи се хемиски соединенија и кристали... Над таа сила се наоѓа силата на растењето (карактеристична за билките), која во своја власт ги држи и кристализацијата и силата на хемиското соединување. Над силата за растот е животната сила (карактеристична за животните), која во своја власт ги држи и силата на растот, и кристализацијата, и силата на хемиско соединување. Над животно – душевната сила е – силата на човечката природа, која во своја власт ги држи сите пониски сили и делува преку нив.

Материјата

 Ми предложувате да ја погледнам вашата теорија во врска со прашањето кое ве интересира – за единството на материјата и силите врз основа на хемиските закони, со цел сè да се објасни со помош на движењето. Многу драго ќе погледнам...
 Иако баш не сум упатен во природните науки, особено во хемијата, сепак можам да видам дали е тоа прифатливо од христијанска гледна точка. Но, однапред можам да кажам – штом кај вас се работи за самосоздавање на светот, тоа е веќе незаконско. Незаконско е дури и ако се ограничувате на силите и законите, а при тоа да не покажувате од каде тие сили потекнуваат и кој е носител и чувар на законите. Зашто теоријата за самоусројство (самосоздавање) на светот преќутувајќи точно така и постапува. Наидов некаде на приказна за единство помеѓу материјата и силата, кои сè објаснуваат врз основа на движењето. Мене таму сè ми се чинеше како измислено и произволно. Што е материјата? Ние тоа не го знаеме. Го познаваме само неделивите елементи или стихиите. Тие се составуваат и разложуваат, преку што се појавуваат различни работи. Составувањето и разложувањето представуваат – хемиски процес. Видливата страна на тој процес е движењето. Материјата – иннерс (по природа) -  е неподвижна. Да би била придвижена, апсолутно е неопходна сила. Вие, значи, го земате само она што неизбежно се појавува во материјалниот свет. Но погледнете што може да во доведе до суштинската работа! Движењето е потполно надворешно дело. Тоа не може вас да ве доведе до суштината. Јас не разбирам како движењето ко истакнуваат како вршител, кога тоа претставува дејство? Некој прашува: „Објасни ми како одиме?“ и добива одговор: „Зар самиот тоа не го знаеш? Се префрламе од нога на нога и одиме“. Тука е изразена сета суштина на  движењата, т. е., дека тоа ништо не дава, освен видливата страна на поместување на работите. Силата не е во самото движење, туку во оној кој придвижува. Движењето – составувањето и разложувањето – претставува хемиски процес. Ова се случува и со минералите, и со растенијата, и со животните. Составувањето и разложувањето исто така е надворешна форма. Кажете: кој составуа и разложува?.. И како? И зошто така?.. ТОа ќе биде вистинско знаење за формите на составување и разложување. Хемијата сè подвила под законите и се фали: еве што сме постигнале!.. А поточно не постигнале ништо. Исто како да велат: се поместуваме од нога на нога и одиме. Тоа е она што го велат: ова со ова е сродно и се соединува, а ова со ова не е сроно и не се соединува – само што е изразено во друга форма. Значи, хемиското составување и разложување само по себе исто така ништо не објаснува. Освен тоа, сите основни физички појави потекнуваат од областа на хемијата. Тоа се објаснува со други фрази, пред сè со законите за гравитација. Но ни тоа не е сè. Зашто постои уште и бестежински појави... за што се бара нешто друго.
 Како сега сè да се објасни врз основа на хемиските процеси?! Можеби прашањето така и треба да се постави: т. е., во својата област, во областа на соединувањето на созданијата... материјални. За тоа се работи. Но, дали хемискиот процес и тука е самостоен, независен? Хемискиот процессам по себе секаде е еднаков. А како тогаш се случува во еден случај од него да произлегува нежива творба, во друг растение, а во трет живо битие? Хемијата сугерира дека хемискиот процес е потчинет на виша индиректна власт, по чии заповеди постапува. Во формирањето на созданија од мртва природа, хемискиот процес стои под една власт, во растителното царство под друга власт, а во животинското под трета. Вам значи ви претстои да дојдете до тие власти. Инаку сè ќе остане по старо – нејасно.
 Кои се тие власти? Нематеријалните сили на на духовната природа инстиктивно произведуваат и тоа и тоа, според законот што во нив го положил Бог. Тоа се Лајбницови монади. На таквата сила потчинети се: светлоста, тежината, топлината, електриката, магнетиката, како и вашата хемија, со посредството со кое таа сила по желба ги помрднува стихиите и устројува тварта, внесувајќи во неа своја норма... Ограничувајќи се само на хемискиот процес и апстрактно укажувајќи на природниот закон ништо нема да се објасни.
 Неодамна некој Германец за основа на сите појави ја зел волјата. А чија е таа волја – не кажал. Така и неговата теорија останува во воздух. Волја навистина секаде се гледа и тоа волја која своето дело добро го промислува. Но, ако не се укаже на тоа за чија волја се работи, ние само укажуваме на фактот, а притоа не ја објаснуваме. И ова што го реков исто така ја подразбира волјата. Но, тука е и оној чија е волјата, како невидлива, нематеријална сила на духовната природа. Но, и оваа теорија, ако неа ја прифатиме, не ја решава работата до крај. Од каде е таа сила? Бог ја создал. Тие (силите) се - безбројно мноштво. Како што секој човек има своја душа, така и секоја творба има своја нематеријална сила, која ја образува и држи, како што Бог ù одредил при создавањето. Сосема е очигледно дека во секоја творба – во билките, во животните... постои некаква нематеријална сила, која владее со природните сили и стихии, и со нивно посредство ги устројува творбите и ги држи до одреден рок... Која е таа сила? Или фатум, или Бог, или од Бога создадена сила? Фатум е – преглупава работа. Таа преовладува кај материјалистите, зашто на прашањето од каде тоа и тоа, тие секогаш имаат ист одговор: тоа едноставно постои... Ова се изразува со фразата: такви се законите... Пантеизмот не е помалку апсурден. Преостанува последното: тоа и е моја теорија. Овие сили се многу. Бидејќи тие не се самосвојни, неопходни им се потпирачи – некаква единствена основа на која се држат. И едното и другото можат да Му се приписат на Бога, вака: тие сили се држат со волјата Божја; Бог сака и тие постојат и дејствуваат по законот кој им е даден. Истата таа волја и ги насочува; зашто, бидејќи имаат способност за инстинктивно чувство, тие можат да примаат знаци од сеуправувачката волја Божја и да ја исполнуваат. Но мене ми се чини дека е многу подобро како тој нивни духовен основ (супстрат) да им се постави душата света, која е исто така нематеријална и од дуовна природа. Таа управува со тие мали сили и ги насочува според законот кој ù е всаден. Бог тука непосредно се вклучува само тогаш кога тоа е неопходно по Неговите планови. А тоа е – чудо! Без чуда светот не може да опстане. Тоа исто така е закон на промислување. Сè се одвива како што е преднацртано, под дејство на од Бога створенит сили. Но сето тоа го држи Бог Седржителот, и кога е потребно Тој секаде влегува со своите дејствија и насочување.
 Тоа е мојата филисофија!.. Преку неа јас ги објаснувам сите прашања кои ги задава геологијата и сè што ќе донесе опитот...
 Сево ова да го напишам, ме поттикна желбата да ви го израмнам патот, како би оделе до крај и своите теории да не би ги оставале да висат во воздух... Сето тоа вам и вчера отворено ви го зборував. И веќе мислев сево ова да го фрлам во печка, но решив само да ви кажам како верните луже имаат право на тоа со духовното да се втурнат во материјалната област, кога материјалистите со својата материја без грижа на совеста влегуваат во областа на духовното. На нашата страна е разумот, а на нивната ограниченоста. Не е тоа она – секој циганин да го фали својот коњ. Се работи за суштински работи. Материјалното не може да биде ни сила ни цел. И едното и другото се над него. Тоа е само средство и материјал за духовните сили, под дејство на духовното Начело (Творецот) на целокупната творевина.
 Подигнете ја главата на вашата миленица хемијата од земјата кон небото, зашто таа сега го турнала својот нос во земјата и рие со него, како што тоа едно животно го прави со своето чурило.

 (Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски