sv.PetariPavle1.jpg
фреска на св. Петар и Павле во манастирската црква на св. Пантелејмон( 11век), Нерези, Скопје
Crkva.Blagov.jpg
 

Извршување на црковните служби

 Светата Тајна на Телото и Крвта Христови ги совршувва Господ, преку дејството на целата Црква. Оној што служи е само орудие. Штом врз него нема неотпуштени гревови, тој со смела надеж може да ја совршува Светата Тајна и да се причестува.


 Како да се однесуваме во текот на служењето на Литургијата и на Литургијата воопшто... Да ја оживуваме верата во Светата Тајна, да поттикнуваме страв Божји, да чуваме надеж за спасение, да Го гледаме Господа и строг и милостив, Кој сака сите да се спасат и сите на тоа ги повикува. На овие чувства треба да се навикнуваме и да се молиме да ни бидат дарувани.
 За време на свештенослужењето световниците не треба да стојат во олтарот.


 Мислам дека не е погрешно и ако Правилото пред светото Причестување не се чита наеднаш, но по сè судејќи, подобро е одеднаш. Но, правилото да се чита во црква, тоа веќе не е добра навика... Црковната служба бара да ù се посвети внимание.


 Ѓаволот вознемирува и поттикнува на заминување од црква поради поусрдна молитва во келијата... Така се пропушта црковната служба, а молитва во келијата нема.И црковната служба и правилото треба да се отстојат со внимание и чувство. А со умната молитва посебно да се молиме дома. Црковните служби исто така треба да се пропратат со умна молитва. Содржината на молитвите е сета умна... Внимавај на она штои се пее и чита, сфати и почувствувај, и – ете умна молитва.

Crkva.Blagov.jpg

Светите Тајни

 Бараш препород? Побарај го во светата Православна Црква. Таа и само Таа ќе те роди со вода и Дух, во Таинството на светото Крштение. Бараш дар од Светиот Дух? Побарај го од светата Православна Црква.Таа, и само Таа ќе ти го предаде во Светата Тајна Миропомазание. Си згрешил, се каеш бараш излекување на душевните рани и разречување од праните на совеста? Оди во светата Православна Црква. Таа, и само Таа, во лицето на своите пастири кои добиле дар да земаат и отпуштаат гревови, со лековитите обврски (кои ќе ти ги наметнат) ќе те разрешат од гревовите и ќе ги исцелат раните на твојата душа. Потребно ти е и бараш најблиско општење со Господа? Оди во светата Православна Црква. Таа, и само Таа, ќе ти даде да ги вкусиш Телото и Крвта Господови од Жртвата Негова, која Тој секогаш ја принесува, и ќе те направи да бидеш во Господа и Господ во тебе по вистинското Негово ветување.

 Светите Тајни го востановил Господ... И тукуа нема што да философираме. За условите за спасение вие кажете: апостол Павле рекол – верувај во Господа и ќе се спасиш. Што значи да веруваш во Господ? Значи да се отфрли идолопоклонството и да се прифати христијанството, значи да се прифати и сè што тоа содржи: и верата, и заповедите, и Светите Тајни, и сите правила.

 Крштението препородува, а Миропомазанието укрепува и го украсува со дарови новородениот дух. Покајанието измива, а Телото и Крвта Христови хранат – секоја Света Тајна ги врши своето духовно дејство во нас.

 „Крштението“ на нашиот јазик е сродно со зборот „крст“. Среќно сродство. Зашто иако видливиот акт на крштението е потопување, неговата суштина е сораспнување со Христа на внатрешниот духовен крст. Апостолот Павле вели: Нашиот стар човек се распнува со Него во крштението (Рим. 6, 6). Тоа не е некаква механичка работа, туку духовна промена или пренасочување на мислите, целите, желбите и сколоностите. Претходно сето тоа било извалкано со самоугодување; сега сè самопожртвувано се посветува на Бога, во Христа Исуса, преку благодатта на Светиот Дух. Ќе речеш: јас тоа не го сфаќав кога бев крстен. Сега сфаќаш и нека ти е на совеста да го исполнуваш назначувањеето на Крштението, зашто тоа е неизбришливо. На судот печатот на крштението ќе сведочи или за тебе или против тебе.

 Светата Тајна свештенство е врв на благодатните таинства; зашто без него и сите други таинста би станале неделотворни, а Црквата би се претворила во безблагодатна.

 Во смртта Негова сите ние умревме и во Воскресението сите воскреснавме. Секој станува причастник на овие добра во светото Крштение, каде што умира за еден живот, а оживува и воскреснува за друг.

 Верата на ова му претходи и го следи, но сама по себе без крштението,  таа не ја усвојува искупувачката сила на крстната смрт Господова. И на крштението, не сллужи таа самата како приемник на таквата сила, туку заедно со покајанието и цврстата решеност преостанатото време да се живе свето. Кога таа (верата) постои, тогаш силата на искупувањето вистински се прима, а крстениот веднаш се иззема од кругот на оние кои подлежат на вечна погибел и се вклучува во кругот на оние кои се спасуваат.
 ... Крштението и е препородување или ново раѓање, кое човекот го поствавува во обновена состојба. Апостолот Павле сите крстени ги споредува со Воскреснатиот Спасител, давајќи до знаење дека и тие имаат такво светлои обновено биие, со какво човечката природа се покажала во Господа Исуса Христа, преку Неговото Воскресение во слава.

 ... Крстениот добива простување на гревовите и сосема умира за гревовниот живот; излегувајќи од водата тој се присоединува со силата на Воскресението Христовои се прородува за нов духовен и свет живот. Крстебиот и чист и свет не само по името, туку и суштински.

 Во свеото Крштение се облекуваме во Христа. Тоа облекување е таинствемно – благодатно посвојување во духот на првообразот. А потоа следи пренесување на сите црти од Господ Исус Христос на сооветните делови од нашата природа. Тоа подразбира напор на волјата, подвиг кој трае целиот живот, спроведување на обновувањето...

 Чувствувајќи сила во Господа, крстените со смртна омраза се однесуваат кон секој облик на гревот. Во тоа е суштината на смртта зас гревот.
 Благодатната сила за продолжување на апостолското дело за подигање на Црквата, се дава преку ракополагањето на архиереите и свештениците.
 Полагањето на раце на Апостолите е заменето со Миропомазанието, кое тие го предале на своите наследници како Света Тајна, како дар на Светиот Дух на верните. Тоа и денес дејствува во светата Црква.
 ... Јован Претеча проповеда покајание, Спасителот својата служба ја отпочнал со благовестие за покајанието, и првиот збор од устата на Апостолите по примањето на Светиот Дух била: Покајте се.
 Спознавајќи ја својатта грешност, не биди нејзин ладен наблјудувач, туку труди се да ги стекнеш и соодветните спасоносни покајни чувства на срцето.

 Тоа што Светата Тајна покајание ја прави особено неопходна, е од една страна, природаа на самиот грев, а од друга – природата на нашата совест. Кога грешиме ние мислиме дека гревот не остава траги ни надвор од нас, ни во нас самите. Меѓутоа, гревот остава длабоки траги и во нас и во сè што нè опкружува, а особено на небото, во одлуките на Праведниот Судија Божји.
 Штом сте се скрушиле и покајале, вам веќе ви се пресудува прошка на небото, а во моментот на исповедта ви се објавува таа небесна пресуда.

 Потсетете се дека во духовниот живот ништо не можете да направите без покајание. Што и да бара некој, на сè почеток нека му биде покајанието. Како што куќата не може да се подигне без темел, и како што во полето не може да се сее ни сади додека тоа претходно не се очисти, така во нашите духовни барања ништо не може да се преземе без покајание.
 Си се покајал, си поверувал, си одлучил да му служиш на Господа, си се одрекол од секоја безбожност, секоја неправда, и затоа си примил благодатна сила: сега служи  не жалејќи се себеси.

 ... секоја помисла, секоја желба, чувство и движење – сè порочно и нечисто веднаш треба во скрушеност на духот да му се исповеда на севидливиот Бог, измолувајќи простување и сила за тоа во иднина да би било избегнато.
 Протераниот плаче и жали за татковината; така и оној што почнал да оди кон своето очистување треба да жали и тагува, и со солзи да бара враќање во рајот на чистотата.

 Бескрвната жртва не е нова, туку истата Таа која е принесена на Голгота. Таа се допира до оваа последната, и примајќи сила од неа, ја донесува во оние кои се причестуваат. Жедниот зема чаша, зема во неа вода од реката и се напива. Голготската Жртва е река која секогаш тече и е вечно жива; Чашата која зема од неа е – Светата Тајна на Телото и Крвта; земањето е – свештенодејството; пиењето е – причестувањето со вера и страв, после потребната подготовка.

 Сите што се соединуваат со Господа, сите кои во Него се облекуваат и хранат со Неговото Тело и Неговата Крв – едно се Него и го сочинуваат Неговоо Тело. Телото Негово го сочинуваат затоа што се од плотта Негова и од коските Негови.

 Светата Тајна на Телото и Крвта за христијаните е Божествена храна и жртва. Не се причестуваат секогаш сите на литургија, но жртвата се принесува за сите и за се. Затоа сите и треба да учествуваат во неа. А учествуваат со вера, скрушеност за гревовите и самопрезирно паѓање ничкум пред нозете на Господа, Кој се жртвува Себеси, како Јагне, за живот на светот. Веќе и самото ова живо созерцание на оваа тајна силно го оживува и поттикнува духот.

 Пристужапувајќи кон Светите Тајни, правете го тоа во простота на срцето, со потполна вера дека во себе Го примате Господа и со соодветната побожност. А што после ќе ù биде на душата – тоа препуштете Му го на Самиот Господ. Многу однапред сакаат од Светата Причест да добијат тоа и тоа, а тогаш, кога не добиваат, се вознемируваат, па дури и се колебаат во верата во силата на Светите Тајни. А проблемот не е во Светата Тајна, туку во тоа непотребно нагаѓање. Ништо себеси не си ветувајте, туку сè препуштете на Господа, молејќи од Него само една милост: да ви даде сила за секое добро, заради угодување Нему. Плодот на причестувањето во срцето најчесто се чувствува како сладок мир; понекогаш тоа носи просветлување во мислите и одушевување во предаденоста на Господа; понекогаш речиси ништо не се гледа, но потоа се покажува цврстината во делата и непоколебливост во ветената исправност. Овде ќе напоменам дека очигледните плодови на светото причестување не ги забележуваме зашто се причестуваме ретко. Одредете си себеси како правило да се причестувата што е можно почесто, па ќе ги видете утешните плодови на таа Света Тајна.
 Господ е Извор на животот, Кој ги оживува оние што со Него се причестуваат, а воедно е и оган кој голта. Оној кој достојно се причестува се храни со животот. А кој се причестува недостојно, се храни со смртта. Иако таа смрт не следи видливо, сепак невидливо секогаш се случува во духот и срцето човеково.

 Во бракот мажот жената ја чувствува како дел од самиот себе; и жената чувствува дека е привиена во мажот, и на дело произлегува дека тие двајца – се едно тело, т. е, едно битие, едно лице.

 За елеоосветувањето свештеникот точно зборува... За оној кој заминува, елеоосветувањето не е неопходно во таа мера во која се неопходни исповедта и причеста. Елеоосветуваето му следува на болен кој очекува оздравување. Тоа не претставува попатнина за оној свет, туку лек за овој живот, да би поживеал во покајание.

 Можете да бидете помазани со масло (елеј). И веќе воопшто не се премислувајте. На крај, сета надеж е во Господа. Во Него пронајдете мир, викајќи: помилуј ме!

 Вие сеуште сте болни. Нека Господ ве спаси вас! Тоа што сте решиле да се помагате, многу е добро. Оваа света Тајна за христијаните треба да биде единственото средство за лечење во болестите.

 

(Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

 

Посети: {moshits}