Постои израз: “да повикаш со туѓ глас”. Тој крик е испаѓање на човекот во под-човечката безлична стихија. Без оглед на сиот технички прогрес во нашето време (а делумно и благодарение на него), не се малку луѓето кои во нашево време урлаат со “туѓ глас” – од страв, од старадање, од недоразбирање, или од незадоволство заради жестокоста на другите. Но, можеби уште покарактеристична е особината на нашето време, фактот дека мноштво луѓе во денешниот свет говорат со туѓ глас. Личноста на човекот се стандардизира,  се воопштува, се брише.

Восхитува тоа што секој од три милијарди луѓе на земјата поседува единствен, неповторлив и незаборавен глас. Бесмртна личност е запечатена во секој човек, и се одразува во неповторливите црти и изрази на неговото лице, во неговиот поглед, глас, па дури и  во посебните линии на кожата на неговите прсти… Птиците ги препознаваме по нивните заеднички гласови, а човекот – по личниот, неповторлив, единствен, незаборавен глас и потпиес. Нели е тоа светол доказ за бесмртноста на човечката личност? Секако дека е.

Кога луѓето духовно се оддалечуваат од својот Творец (уште повеќе кога се борат против Него), тие со тоа се оддалечуваат и од самите себе. А враќајќи се при Бога, верувајќИ во Бога, човекот се враќа во самиот себеси, во својата душа. За тоа и зборува приказната во Евангелието за блудниот син кој замина од татко си, и кој подоцна му се врати. Таков е законот на духот: заборавајќи Го Бога, човекот го заборава своето сопствено лице, се деперсонализира. Губејќи ја вистината, човекот со неа го губи и животот. И сите тешкотии и сите несреќи и неуспеси човечки (особено во брачниот и семејниот живот) се поврзани со тоа.

К.И.Чуковски точно пишувал во стилот кој го деперсонализира човекот, и го нарекол тој стил – стил “канцеларит”. “Канцеларит” не е само област на канцеларија, туку и друштвен живот. Тој е едно од изразувањата туѓ глас во човекот

Овој стил сесрдно ја потпомага техничката цивилизација, ако таа не е победена од светлиот дух човечки, ако не е врамнотежена од културата. Човекот гордо и суетно ја покорува земјата и планетите, но – толку ретко и толку недоволно тој царува над својата душа, над својот збор, над искреноста во своите зборови и срцето… Затоа во светот толку многу луѓе урлаат или говорат со “туѓ глас”. Не само поедини личности, туку и цели колективи зборуваат стандардно, мумлаат шаблонска мисла, до во копејка прецизно, до во рублја лажно…

Оној кој заминува од Бога, заминува и од себеси. Во човештвото се развива мимикрија на  мисли и волји, словесна и емоционална ономатопеја. Личностите се повикани да бидат неповторливи, да се дополнуваат една со друга, да си служат една на друга со своите посебни дарови и таленти. А денес во светот на зборовите нема ништо, или скоро ништо, освен ономатопеја. Со “туѓ”, некаков “не свој” глас луЃето влгуваат во расправии, па дури и во дијалог, и се раствараат еден со друг во апстрактности, прекривајќи се еден со друг со мртви лозинки, стандардни квалификации. Тука е главната драма на човештвото. Само личниот глас на човекот ја одразува вистината, заложена во најголемата длабочина на создаденото, во самата суштина на човекот.

Во марксизмот има една многу агилна мисла – дека не треба толку да се мисли и умува за светот, колку што треба да се менува светот. Две илјади години пред Маркс, таа мисла била искажана во Светото Писмо, во огромно подлабока форма: “Верата без дела е мртва”, верата на човекот “се оправдува од делата”. А уште многу порано и од овие апостолски зборови, на човекот му беше откриено дека Бог го повика да ја обработува земјата со својата создавачка работа и да ја менува, тудејќи се на неа “во потта на лицето свое”. Но ако човекот се одбидува да го “промени светот” без осознавање на основната смисла на животот на овој свет и својот живот во него, раководејќи се само од некоја мисла за титанска промена на земјата – од сето тоа ништо нема да произлезе, освен страдање и хаос. Во 70-тите години од 20 век ние веќе многу добро знаеме за тоа. Затоа и славната Марксова мисла дека не треба да се философира за светот, туку треба да се менува, не значи сама по себе ама баш ништо. Целта, средството и квалитетот на тие “промени” на светот мора да ја докажат својата благодатност. Народната мудрост ги опаметува површните активисти: “седум пати мери, еднаш сечи”. Во црковните ѕвона се удира дури откако ќе се погледне во црковниот цалендар. Дури и најенергичното “менување” на што било, без светлиот разум и дух, бесмислено е и бесчовечно. И Исак Сирин рекол дека дури и љубовта – највишото добро на светот – е несовршена без мудроста. И идејата за “промена на светот” без длабоко поимање на светот и човекот, е сила која развива зло.

Оној кој ја осмислува историјата, со нејзината темнина и нејзината светлина, постигнувајќи бесмртна длабочина и висока цел во човечКиот живот, не може а да не заклучи дека човекот, пред с#, мора да стане вистински човек за да почне да го менува светот во подобрата страна. А кога морално слепи луѓе почнат да го “менуваат светот”, тие го менуваат на лошата страна. Тие сакаат да го “променат светот”, не познавајќи го тој свет, не верувајќи во моралната суштина – ниту на светот, ниту на човекот. Како може да се подобри светот ако не се подобри човечкото срце? Океан од крв е пролеен, и продолжува да се лее, заради апстрактните проекти на иднината. Затоа Светото Писмо, откривајќи Го Лицето Божјо, не повикува просто на делување заради делување, или на промена заради промена, туку на слушање на Вистината И на послушност кон Неа, во силата на Духот, И на исполнувањето на волјата на Оној Кој сe  создаде и на с# му даде пат. Тој на човекот му даде пат на вистинско менување на светот, пат на очистување, простување, возвишување, осветување и преобразување. И само среќавајќи Го својот отец, слушнувајќи Го Неговиот глас, ние почнуваме да се сфаќаме себеси и светот. И тогаш гледаме – што во себе треба да поправиме, и што во светот треба да измениме.

 Подготви: Михаила Поповска

Друго: