Познато е дека Господ за време на Својот земен живот во една прилика ги зеде со Себе тројцата свои ученици: Петар, Јаков и Јован, се искачи со нив на гората Тавор и таму, преобразувајќи се, ја покажа пред нив Својата слава. За време на молитвата Неговото лице стана светло како сонце, а облеката бела како снег. Во слава Му се јавија Мојсеј и Илија, и на крај, светол облак ги закрили апостолите, а од облакот се слушнал глас: “Ова е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја: Него послушајте Го”.
 
sv.efrem.sirin2.jpgСо Своето Преобразување Господ им покажа на учениците на кој начин сака да дојде во последниот ден: во славата на Своето божество и во телото на Својата човечка природа. Ги зеде на гората за да им покаже Кој е Синот и Чиј е. Бидејќи кога ги праша: “За кој ме мислите?” тие Му одговорија: “Едни за Илија, други мислат дека си Јеремија или некој од пророците”. Токму заради тоа Тој ги изведува на гората и им покажува дека Тој не е Илија туку Бог на Илија, и дека не е Јеремија туку Оној Кој го осветувал Јеремија уште од утробата на мајката негова, и дека Тој не е еден од пророците туку Господар на пророците и Оној Кој ги испраќал на проповед. И уште им покажува дека Тој е Творец на небото и земјата, и дека е Господ на живите и мртвите. Бидејќи Тој му заповеда на небото и го покажа на луѓето пророкот Илија, и заповеда на земјата и го постави Мојсеј. И ги поведе на гората учениците за да им покаже дека Тој е Синот Божји, пред вековите роден од Отецот и подоцна воплотен од Дева, Тој Кој се роди на неискажлив начин, и Кој ја сочува неосквернета девственоста на Онаа Која Го роди, и дека каде сака Бог, таму се победуваат законите на природата. Ги возведе Своите ученици на гората за да им ја покаже славата на Божеството и да ги увери дека Тој е Оној Кој ќе го избави Израил, што и посведочи преку пророците. И им ја покажа на учениците славата Своја за да не се соблазнат за Него кога ќе ги гледаат Неговите доброволни страдања кои сакаше да ги прими во Својата човечка природа.

Луѓето го гледаа како човек и не знаеја дека Тој е Бог. Го знаеја како Син на Марија, како човек Кој со нив живее во светот. И Тој нам ни покажа на гората дека Он е Син Божји и Бог. Видоа дека Тој пиеше и јадеше, дека работеше и одмараше, спиеше и се плашеше и пот пролеваше, што не беше својствено за Неговото Божество туку на Неговата човечка природа. Токму затоа ги возведе на гората за Отецот да им Го објави Синот и да им покаже дека навистина Тој е Неговиот Син и Бог. Ги возведе учениците Свои на гората и им го покажа царството Свое пред Својата смрт, и силата и славата Своја пред страдањата, и честа Своја пред Неговото срамотење, за кога ќе биде фатен и рапнат тие да сфатат дека не беше распнат по неоходност, туку заради Својата љубов, заради спасението на светот. Ги возведе учениците на гората и им ја покажа славата пред Своето воскресение, за кога ќе воскресне од мртвите сите да ја разберат славата на Неговото Божество и да знаат дека таа слава Тој не ја стекна со посредство на напор како некој кој за неа се молел, туку сека таа слава постоела пред вечноста, заедно со Отецот и Светиот Дух, како што Тој и зборуваше одејќи на доброволното страдање: “Оче, прослави Ме во славата која ја имав од Тебе уште пред да постои светот”.

Таа слава на Своето Божество, непозната во Неговото човеШтво, совршено ја покажа на Таворската гора, бидејќи сведоците, учениците Негови го видоа лицето Негово блескаво како молња и облеката Негова како снег. Затоа Господ се преобрази пред учениците Свои, за да им покаже на кој начин Тој сака да дојде во последниот ден, за да не се соблазнат од Него кога ќе ги гледаат Неговите доброволни страдања и за да се уверат дека Тој е навистина Син Божји и Бог. Но, браќа, нели Господ на апостолите и на сите со Своето Преобразување ни покажа и тоа дека вистинската среќа и блаженството наше не се на земјата, туку на небото, и дека сите ние сме повикани да бидеме наследници на небесното, а не на земното царство? Се разбира, така е. Бидејќи токму на тоа укажува и Мојсеј и Илија кога се јавуваат во слава, а од друга страна, и Свети апостол Павле кој говори дека пониженото тело наше Господ ќе го преобрази така, да биде сообразно на славното Тело Негово. “Нашето живеење е на небесата”, - не учи тој, - “оттука го очекуваме и Спасителот Господ Исус Христос Кој Ќе го преобрази нашето понижено тело така, да биде сообразно со Телото на славата Негова по силата со која Тој може се да направи и се да покори” (Фил. 3, 20 – 21). А ако е така, тогаШ да ги оставиме приврзаностите кон земноста и приврзаностите за трулежните добра. Да запаметиме дека Царството Божјо не е од овој свет (сп. Јн. 18, 36) и дека треба да мислиме за она Што е горе, а не Што е на земјата (сп. Кол. 3, 2). А сеќавајќи се на тоа, ќе се молиме на Господ, Самиот Тој со Својата сесилна благодат да ни помогне во тоа и да ја обрне сета наша желба кон небесното, и целата наша душа кон она што е горе, да ја искорени во нас секоја телесна страст и да ја умртви секоја наша врзаност за земното. Да, браќа, навистина, што имаме на оваа земја? Таа за нас е туѓина, а небото ни е дом. О, таму е толку светло, толку радосно, таму има такви прекрасни убавини, таму се разлева толку префино пеење, таму ќе отидеме, па затоа да се стремиме со сета своја душа. Амин.

Подготви: Михаила Поповска

ROZDESTVO.HristovO7

„Секој ќе падне во крајна недоумица откако ќе размисли за чудото: како Бог слегол од небесата и си приготвил живеалиште во Мајчина утроба;
како Божјата природа се облекла во човечко тело и не се гнасела да живее девет месеци во утроба;
како утробата, бидејќи тело, можела да држи во себеси оган, и како во слабата утроба живеел пламен, без да ја изгори!?
Како што капината на Хорив Го криела во себеси Бога – така и Марија Го носела во својата утроба Христа.
Ново чудо извршил Бог во средината на земнородените: и Сам се раѓа од Жена Која не познала маж – и Оној, Кој Го проповеда, се раѓа не по редот на природата.
Тој го мери небото со Својата педа, а се полага во јасли во размер на земна педа.Морето го поставува во Својата дланка, а се раѓа во пештера. Неговата слава ги полни небесата – пештерата, пак, го открива величието Негово.“

 

Друго:

Свети Ефрем Сирин - Вистината и лагата

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11.

Св. Јован Шангајски, Санфранциски - Барајте го доброто…