I

"А мене да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот   Господ   Исус   Христос." вели свети апостол Павле  (Гал. 6:14).
sv.teofan.Zatvornik1.jpgКако дошол светиот Апостол до таква состојба што со ништо друго не сака да се фали освен со крстот Христов! Секој крст е жал, тешкотија, понижување. Како тогаш да се фали со него? Ете, Апостол Павле се фали со него, а заедно со него и сите апостоли, а по нив и сите други носители на крстот. Зошто се случува така? Зошто бого-мудрите мажи го предвидиле големото значење на крстот, високо го ценеле и се фалеле со тоа што се удостоиле да го носат? Тие во него гледале наместо тешкотии - леснотии, наместо жал - пријатност, наместо понижување - возвишување, наместо безславие - слава и се фалеле со него како што се фали некој со скапоцен украс или одликување.
О, кога Господ ќе ни даде и нам такво разбирање и ќе не доведе до таква состојба, за да ја разбереме и почувствуваме силата на крстот за да започнеме да се фалиме со него.
Еве кратко и општо објаснување за значењето на крстот. Господ   го   изврши   нашето   спасение преку Својата смрт на крстот; на Него Тој ги раскина ракописите на нашите гревови; преку крстот не помири со Бога - Отецот; преку крстот слезе над нас благодатниот небесен благослов. Таква е силата на крстот Господов. Секој еден од нас може да стане учесник во Неговата спасителна сила единствено преку својот животен крст. Сопствениот крст на секого од нас, кога ќе се сообрази со Христовиот крст, пренесува сила и неговото дејство врз нас станува канал, по кој што од крстот Христов се прелива врз нас "секое добро давање и секој совршен дар". Од тоа се гледа дека нашите крстови во делото на нашето спасение се толку неопходни,   колку   што   е   неопходен и Христовиот крст. Вие нема да најдете ниту еден спасен кој што не го носел својот крст. Секој од нас е опкружен со крстови од сите страни, за да не биде оптоварен во барање да го носи својот крст и да биде далеку од спсителната сила на крстот Христов. Може да се каже и вака: огледај се околу себе си, најди го својот крст, понеси го како што треба и соедини се со крстот Христов и ќе се спасиш.
Сакале ние или не, секој си го носи својот крст, и честопати тој крст не е обичен, туку сложен, но секој нека гледа на својот крст преку Крстот Христов; не секој обрнува внимание за изградување на своето спасение и затоа не секој   крст се покажува спасителен. Да ги разгледаме сите можни крстови, и да видиме и да разбереме како треба да се носи секој еден од нив, за тој (крстот) да биде сила за спасение.
Крстови има многу, но по вид се три: првиот вид се надворешни крстови, кои што се состојат од тешкотии, жалости, беди и воопшто од горчливиот дел на земното суштествување. Вториот вид се внатрешни крстови, кои што се раѓаат од борбата со страстите и похотите поради добродетели. Третиот вид крстови се духовно благодатни, кои што претставуваат совршена преданост на волјата Божја.
Сега ќе ви кажам неколку зборови за надворешните крстови. Тие се најмногу, најсложени и најразновидни. Расфрлени се по сите наши патишта и ги сретнуваме на секој чекор. Тука спаѓаат: жалоста, бедата, несреќите, загубата на блиски, неуспехот во работата, секаков вид на лишување и загуби, семејни непријатности, навреди, ожалостувања, неблагосостјба во надворешните односи, воопшто - земниот дел кај секого - повеќе или помалку тежок. Кој од луѓето немаат вакви крстови? Не е возможно да има такви. Од нив не не спасува ни нашата прочуеност, ни богатство, ни слава, ни нашата положба на земјата. Тие страснале со нашиот живот од моментот кога за нас се заклучил земниот рај и нема да исчезнат,  се  додека  не се отвори небесниот рај. Ако сакаш тие крстови да ти послужат за спасение, употреби ги според Божјата намера. Зошто така наредил Господ, на земјата да нема никој без маки, жалости и потешкотии?
За да не заборави човекот дека е прогонет да живее на земјата, не како што живеел во својата татковина (рајот), но како странец во туѓа држава и за да бара враќање во својата вистинска таковина. Штом човекот згрешил, бил истеран од рајот и надвор од него веднаш бил затрупан со жалост, недостатоци и секаков вид на неудобности. Така е за да памти дака тој не е на своето место, дека е под казна и да се погрижи за помилување и враќане во своето место (рајот).
Затоа, кога гледаш: жалост, несреќи и солзи не се чуди туку трпи ги и не се противи! На престапникот и непослушниот не му следува полна благосостојба и среќа. Прими го и разбери го со своето срце и благоугодно поднесувај го својот престап.
Ке прашаш - зошто за мене повеќе, а за други - помалку? Зошто за мене толку несреќи, а на другите скоро во се среќа? Јас се раскинувам од жал, а друг се утешува. Штом е тоа општ дел, би требало да се раздава на сите без исклучок! - Точно, така и се раздава. Гледај и се ќе видиш. На тебе ти е денес, а на друг му било вчера или утре ќе му биде тешко. Сега нему Бог му дозволува да се одмори. Зошто гледаш на часовите и на деновите? Гледај на целиот живот, од почетокот до крајот, и ќе видиш дека на секого му било тешко дури и многу потешко. Можеш ли да посочиш пример, кој се веселел и радувал преку целиот свој живот? Често дури и царевите не спијат ноќе од болка во срцето. Тебе ти е тешко сега, но зарем пред тоа не си имал радосни денови? Ке даде Бог и ќе имаш. Потрпи малку. Ке се изјасни небото и над тебе. Во животот деновите се како и природата едни светли други мрачни. Дали се случило некогаш градоносните облаци да не си заминат? И има ли некој на светот кој што не мисли на овој начин, дека мрачните денови се менуваат во светли? Мисли и ти така за своите жалости и ќе се утешиш.
Тебе ти е тешко, но дали е тоа случајно, дали е без причина? Наведни ја малку главата, и спомни си дека има Господ, Кој што татковски се грижи и не ги отргнува своите очи од тебе. Ако те снашла жалост, тогаш тоа е само со Негова согласност и волја. Никој освен Него не ти ја пратил. А Тој знае многу точно: што, кому и како да му испрати, и кога испраќа го прави за доброто на оној, кого што го стигнала жалоста и тагата. Погледај се и ќе ги видиш добрите Божји намери кон тебе во маката, во жалоста која што ти се случила. Господ сака или да те исчисти од некој грев, или да те отстрани од гревовно дело, или да те зачува со помала жал од поголема, или да ти даде можност да покажеш трпение и верност пред Него, за да може потоа да ја покаже на тебе славата на Своето милосрдие. Нешто од овие работи со сигурност се однесуваат на тебе. Откриј точно кое од горе наведените се однесува на тебе и постави го како фластер на својата рана и така ќе ја намалиш болката која што пече. Но, ако не можеш да видиш сосема е јасно што сака Господ да ти даде преку жалоста која те снашла, зацврсти ја својата вера во своето срце, дека сето она што доаѓа од Господа е за наше добро, при што ќе и повторуваш на твојата душа која се колеба: Така му е угодно на Господа. Трпи! Оној кого што Господ го казнува тој е Негов син! Најмногу задржи го своето внимание врз твојата морална состојба и на страшниот суд. Ако си грешен, каков што навистина си во стварноста - радувај се, затоа што дошол огнот на жалоста, кој што ќе ги изгори твоите гревови. Пренеси се во другиот живот, застани пред судот; загледај се во вечниот оган подготвен за грешниците. Оттаму погледни на својата жал. Ако треба да бидеш осуден за вечна мака во пеколот, какви ли маки би посакал да истрпиш овде само да не отидеш во пеколот. Ке посакаш секој ден да бидеш сечен и горен, но да не паднеш во тие   неискажливи и постојани маки. Не е ли подобро, за да ја избегнеме пеколната мака да ги потрпиме сега овие не толку големи жалости? Вели си: поради моите гревови ми се испратени овие удари и благодари Му на Бога дека Неговата милост те води кон покајание. Потоа, наместо неполезни жалости, разбери каков грев носиш во себеси, покај се и престани да грешиш. Кога ќе се подготвиш така ќе кажеш: малку ми е ова. Според моите гревови ова дури ми е премалку!
Затоа, без разлика дали носиш дел од општата горчлива казна, или преживуваш лични несреќи и жалости, благодушно трпи, со благодарност примај ги како од рацете од Господа, примај ги како лекарство против твоите гревови, како клуч за отворање на вратите на Царството Небесно. Не противи се, не завидувај им на другите и не се предавај на бесмислена жалост. Обично, во состојба на жалост, едни започнуваат да негодуваат и да се противат, други сосема се збунуваат и паѓаат во очајание, трети потонуваат во својата мака и непрестано се жалат без да се огледаат околу себеси и без да го издигаат своето срце кон Господа. Сите тие не ги користат своите крстови како што треба и го пропуштаат благодатното време и денот на спасението. Господ им дава во рацете можност за спасение, а тие го отфрлаат. Ако те стигнале жалост и несреќа веќе : носиш крст. Направи така што тоа носење да ти биде за спасение, а не за пропаст. Затоа не се бара да преместуваш планини, но само малку да се промени начинот на мислење и состојбата на срцето. Покажи благодарност, смири се пред силната рака на Господа, покај се и исправи го својот живот. Ако ослабела твојата вера поради тоа што Бог управува со се - поврати ја и утврди ја и ќе ја бакнеш десницата Божја. Ако ти исчезнала грижата на совеста за сторените од тебе гревови, изостри го бдеењето на твојата совест и ќе видиш дека ќе ги оплачеш своите гревови и ќе го измиеш жалното униние со солзите на покајанието. Ако си заборавил дека горчливоста на овоземното страдање избавува од уште поголема горчина во вечниот живот, спомни си го тоа и кон благодушноста ќе додадеш жалост врз жалост и така преку малкуте овдешни жалости ќе добиеш од Господа вечна милост. Многу ли е? И мачно ли е сето ова? Таквите размислувања и чувства се врски преку кои што нашиот крст се сврзува со Христовиот Крст, од Кого за нас истекуваат спасителни сили. Без нив крстот си останува врз нас, ни тежи, а спасителна сила не добиваме, затоа што е одделен од Христовиот Крст. Тогаш не се јавуваме како носители на крстот, кои што се спасуваат и не можеме да се фалиме со крстот на нашиот Господ Исус Христос. Ви кажав малку од она што можеше многу да се каже во врска со надворешните крстови и ве повикувам, браќа, да одите во мудрост за да го откупите времето, маките и жалостите со благодушното трпение, благодарност и покајание. Тогаш ќе го почуствувате спасителното дејство на жалосните крстови и ќе се радувате кога ќе ве стигнат, гледајќи ја преку нив светлината на славата и ќе се научите да се фалите преку нив не само заради идните но и заради сегашните плодови кои што произлегуваат од нив. АМИН.

 Korica.Trislova.jpg

Издавач: Издавачка установа  Канео при

Дебарско - кичевската епархија

(Продолжува)

Друго:

Св. Теофан Затворник - Три слова за носење на крстот (2)