sv.Jovan.JakovHozevit.jpgПреподобниот Јован Јаков се родил во Романија, општина Хородиштеа во 1913 г. од родителите Максим и Екатерина Јаков. На крШтевката го добил името Илија, но тогаш никој не ни можел да претпостави дека овој Илија Ќе живее и Ќе се подвизува на истот место каде Што се подвизувале двата големи пророци св. Илија и св. Јован Крстител.
Копнежот по Господовите дворови и по подвижнички живот, според примерот на големите пустиножителни отци на нашата Православна Црква, уште од млади години, по завршувањето на гимназијата го привлекол кон манастирот Њамц во Молдавија. Таму во 1933г. е замонашен на 23 годишна возраст, при што го добил монашкото име Јован. Поминал низ многу послушанија. Но читајЌи ги, со големо внимание и сериозност, житијата на светителите - основачи на монашкиот живот во Палестина, како на пример, житието на св. Теодосиј, основачот на општежитието, на св. Ефтимиј Велики и св. Сава Освештен, тој се разгорел со голема ревност, копнеејќи да отпатува за Ерусалим, за да може одблиску да црпи од божествениот источник на пустиножителниот подвиг. Од 1936 г. се повлекува во Лаврата на св. Сава Освештен, станувајќи пример за послушание во монашкиот живот.
Во 1946 г. бил повикан да служи во романскиот скит во јорданската долина и бил хиротонисан за свеШтеник, како игумен и свеШтенослужител во скитот, каде поминал повеЌе од 6 г., ревнувајќи во подвигот на пустиножителство, подражавајќи го животот на св. Марија Египетска.
Во потрага по уште поосаменички живот, тој се населил во една пештера близу до Хозевитскиот манастир, подвизувајЌи се во пост и молитва и беседејЌи со Бога дење и ноЌе повеЌе од 8 г.; тука ги напиШал и своите лирски стихови насловени како 'Духовна храна”, кои се плод на неговото постојано духовно вознесување кон она што е небесно, с# додека Господ не го повикал во 1960 г. Погребан е во истата пеШтера во која и се подвизувал, откако поживеал само 47 г. Дваесет години подоцна, во 1980 г. на чудесен начин се откриени неговите свети мошти и од пештерата се пренесени во манстирот на св. Георгиј Хозевит, каде и денес почиваат и покрај кои се случуваат многубројни чудесни исцеленија, укрепувајќи ги монасите и многубројните поклоници од цел свет.


 Преподобниот Јован оставил голем број на списи, кои се добар патоказ на христијаните во искачувањето по лествицата на духовни вредности. Од нив може да се согледа еден живот исполнет со подвизи, на човек којшто со умот и срцето секогаш  бил насочен кон Распнатиот заради спасението на светот. Меѓу списите на св. Јован се наоѓаат и духовни поуки, многу значајни за спасението на дуШата, на тема: Да не станеме судии на служителите Божји, 'Не судете за да не ви се суди.”(Мт.7,1).
Преподобниот зборувал за тоа дека денес многу ревнуваат за вистинската вера, но духовно не напредуваат. Вината ја префрламе на денеШниот свет, но Господ не  избрал од светот. Велиме дека манстирите не се као што доликува, но првите христијани немале ни цркви, ниту манастири, па сепак биле духовно понапредни. Ги обвинуваме игумените, духовните пастири дека не се искусни и не се грижат за стадото и заради тоа запаѓаме во опасност и не напредуваме. Ако се жалиме дека сме туѓинци и неволници, тогаш  ќе неисмејат древните христијани, кои постојано биле прогонувани, одведувани во ропство, каде трпеле најголеми неволји. И покрај сето тоа нивниот живот блескал како оган во мракот на паганството.
sv.Jovan.JakovHozevit2.jpgНа кого и да ја префрлиме вината за своето духовно мртвило, не можеме да се оправдаме. Нема како некогаш гонење, нема ропство, па сепак, на секој чекор наидуваме на препреки и не напредуваме. Причина за нашето сопнување сме ние самите. Ги забораваме своите гревови и ги гледаме туѓите, и уште се трудиме да ги обелодениме и да им судиме! Но она што ни нанесува уште поголемаштета е тоа што ги судиме и клеветиме служителите на Светиот олтар, до кои не ни доликува ни да се допреме.
Кој си ти што му судиш на туѓ слуга? - вели Светиот апостол Павле - Пред својот господар тој стои или паѓа. Но ќе биде исправен, заштоБог е моЌен да го исправи. ( Рим.14,4)
Гревовите и слабостите на клириците не е пристојно да се објавуваат. И самите клирици се слаби луѓе кои произлегле од овој суетен свет. Тие не паднале од небо ниту израснале меЃу ангелите. Ги родил денеШниот свет. Тие растеле во овој суетен свет, учеле во светското училиШте. А откако пристапиле на служба во Олтарот, светот повторно не ги остава на мир. Ветрот на порочноста со новата мода денес патува брзо како и мислата. Тоа што се прави или зборува во Америка после само неколку мигови им станува познато дури и на најмалите деца. И како Што патуваат вестите исто така брзо патува порочноста низ светот. Свештениците бидејќи се во врска со светот денеска се поранливи отколку порано. Нивните должности се исти како и порано, но препреките се зголемиле, духот на светот огрубел и подивел.
Науката прогласи најжестока војна против духовниот живот, а светот на слепо се поведува по науката, оддалечувајЌи се од светата вера. Лукавиот владетел на овој век пушта најжестоки стрели против црковните лица.
Овој суетен свет го труе човечкиот дух со најразновидни измами, па потоа бара да ги види клириците како светители од иконите. Меѓутоа, од каде произлегле клириците? Зарем не од коренот на овој свет. Да беше коренот поблагороден, и ластарите ќе беа подобри. Солта која се вади од море лесно се растопува кога Ќе наиде на влага. Свештениците се сол која произлегла од морето на светот и бидејќи светските ветрови денес се полоШи и попродорни, и солта се растопува полесно отколку порано, а понекогаш и сосема се расипува. Бидејќи светот е современ, свештениците не можат да бидат како оние од древните времиња. Се се менува според духот на времето. Не судете за да не ви се суди(Мт 7,1).

 Подготвиле:  сестрите од манастирот во Рајчица

 

Друго:

 http://www.youtube.com/watch?v=ZGDLLVYlQ74

http://www.youtube.com/watch?v=3sXdX27XU8k 

http://ocafs.oca.org/FeastSaintsViewer.asp?SID=4&ID=1&FSID=102847

 

 

Посети:{moshits}