Свети потреби се задоволуваат, тие човекот го учат во склад со нив да ги задоволува и другите потреби, така што ни она со што се задоволува душата, ни она со што се задоволува телото, не му противречат на духовниот живот, туку му погодуваат – и во човекот настанува потполна хармонија на сите движења и пројава на неговиот живот: хармонија на мислите, чувствата, сетилата, желбите, потфатите, односите, насладите. Тоа е – рај. Напротив, кога духот не се задоволува и кога ова единствено што е потребно е заборавено, тогаш и останатите потреби се разидуваат на сите страни и секоја си го бара своето а нивните гласови како врева на пазарот го заглушуваат јадниот човек и тој брза час таму час ваму како луд за да ги задоволи. Но никаде нема мир, затоа што кога една ќе биде задоволена, другите не сакаат да се сметаат за пониски од неа и упорно си го бараат своето, како кога мајката ќе нахрани едно дете, а останатите пет плачат. Оттаму внатре таков немир, врева, брзање на сите страни и потполн неред. Тука се зачнува таа бура за која што стануваше збор, и уште повеќе го вознемирува и разнебитува се она што е внатрешно. Таквиот човек со ништо не е задоволен, постојано тагува, или стои уморен и не знае што би започнал, само кружи и кружи. Тоа е суета и крах на духот.

Ете од каде се раѓа прашањето: што да се работи? Што да се направи за духовната страна да преовладува во нас и, управувајќи со сите други страни, да внесува ред во нашиот живот? Ќе кажам на почеток дека за тоа прашање не би имало место кога нашиот живот би се развивал како треба. Оти и телесните и душевните потреби еднакво ни се природни како и духовните, и задоволувањето на тие потреби само по себе не може да внесува неред и метеж во нашиот живот, како ни задоволувањето на духовните потреби. Кога тие би се развивале во ред и во природна меѓусебна потчинетост, човечкиот живот би течел неверојатно добро. Посадете семе, поливајте, држете на одговарачка топлина и тоа ќе даде никулец, стебло, лист и конечно прекрасен цвет. Така би било и со човекот. Ако се развива во природен поредок, секогаш од тоа ќе израсне прекрасен човек. Зошто ние ни себеси ни другите не ги гледаме како убави? След што се деформира нашиот живот?

Присетете се само што се случи со Вас откако само малку се нурнавте во тој вртлог, односно во тој разбрануван живот. Па во Вас настана силен метеж. Ако тоа се случи неколку пати, Вие, ако не бидете внимателни, ќе паднете во оној вир и ќе Теофан Затворник

Значењето на духовните потреби меѓу другите страни на човечкиот живот. Единственото што е потребно. Владеење на духот, како природна хармонија на сите потреби, може да донесе мир и спокој. Отсуството на тој спокој кај луѓето. Сеопштата суета и духовна збрка. Зачетокот на тој немир се добива веќе при раѓање. 

Сега веќе ништо не не спречува да се посветиме на решавањето на прашањето кое ни преостана. Но, за да го повториме, потрудете се да се присетите на она за што зборувавме.

Протолкувавме дека човекот има три нивоа на живот: духовен, душевен и телесен; дека секој од нив има свои потреби, природни и својствени на човекот; дека тие потреби немаат сите иста вредност, туку едни се повисоки а други пониски, и дека нивното одговарачко задоволување му носи мир на човекот. Духовните потреби се над сите други, и кога тие биваат задоволени, тогаш, дури и кога другите потреби останале незадоволени, човекот има мир. А кога духовните потреби не се задоволени, тогаш, колку и обилно да се задоволени сите други потреби, човекот нема мир. Затоа за задоволувањето на духовните потреби се вели дека тоа е единственото што е потребно.

Кога духовните започнете живот кој ја претставува суетата и крах на духот. Зарем нашиот неред не може да се објасни со тоа што постојат луѓе кои сеат неред: тие не привлекуваат  и ние го прифаќаме нивниот неред? Вие токму сега сте почнале да потпаѓате под влијание на тој неред, оти вашето воспитание поминало под среденото влијание на Вашето благочестиво семејство и Вашите роднини. А другите, на кои и семејството и сродниците живеат во немир и метеж, од детството го усвојуваат тој метеж и раснат во него.

Можеби тоа е причината што нашиот живот се деформира по природен тек и во него влегува неприроден неред?

Не, работата со тоа не се објаснува, оти останува уште и следното прашање: како метежот дошол во тој круг на луѓе? Од каде метеж во семејствата и во општеството? Човек однадвор станува таков каков што е внатре. Нередот во семејството и општеството дошол од човекот. Да го нема внатре, не би го имало ни надвор. Сега надворешното му го враќа на внатрешното она што го добило од него. И пак прашање: а внатре, од каде се појавил? Ќе го кажам уште и ова: надворешната бура делува и внатре, и таму се репродуцира, оти нејзиниот зачеток и се наоѓа внатре. Вие сте биле вознемирена и не сте наоѓале мир. Зошто? Молчевте, а јас не Ви реков оти не беше време. Сега ќе Ви кажам. Во тие два дена, препуштајќи му се на разбрануваниот живот, Вие потполно сте се предале, Вашето срце покажало склоност ако не кон се, тогаш барем кон многу нешта. Заради тоа во Вас поникнале немир и метеж. Кога сте се повратиле, сте ја забележале новината кај себе. Совеста Ве известила дека таа новина – е Ваше недолично дело, и почнала да Ве казнува заради тоа. Покорувајќи му се на тој глас Вие тогаш се добро сте просудиле и точно сте го процениле таквиот живот. Ако после тоа, како што повеќе пати Ви зборував, повторно бидете во прилика да паднете во тој метеж и ако го држите далеку своето срце, не пуштајќи му на волја кога ќе почне да се кине – тогаш веќе нема да ја доживувате мачнината која сте ја доживеале. Но тоа Ви го кажувам само попат. Она што всушност сакав да кажам е од каде кај Вас, бидејќи до сега сте живееле во поинакви околности, таа склоност кон неуреден живот? Повелете, погледнете, па ќе видите дека и порано сте ја имале во себе, но била сокриена, а сега само се покажала. Надворешните влијанија не даваат ништо ново, само го поттикнуваат она што веќе постои внатре. Ќе Ви дадам пример. Ги видов лепрозните. Нивните деца се раѓаат и раснат сосема здрави. Но ќе дојде време и лепрата се појавува и кај нив, стануваат како нивните родители и како сите други лепрозни. Од каде лепрата? Излегла одвнатре. А како дошла тука? Ја добиле со раѓање.

Од ова нема да Ви биде тешко да изведете заклучок дека, ако во себе видиме неред и метеж – мисли, чувства, желби, потфати и дела – и не можеме од нив да се одвоиме, тоа е затоа што никулецот на сето тоа е внесен во нашата природа и што тој никулец на нередот, која се покажува заедно со откривањето на нашите сили и потреби, внесува и метеж и така целиот наш живот го прави немирен и неуреден.

Повелете сега размислете од каде тој никулец. Велам повелете размислете за тоа, оти инаку нема да можеме да пронајдеме задоволителен одговор на веќе неколкупати повтореното прашање: како да се однесуваме? Кој сака успешно да ја лечи болеста, треба да ги пронајде нејзините причинители. Без тоа лечењето не може да има правилен тек и успех. Ете значи што сега треба да објасниме.

(Продолжува)     

Подготви: Б.Ѓ.