Преподобен Јован Касијан
 

„Почетокот и оградата на нашето спасение е стравот Господов“. Бидејќи од него зависи и почетокот на обраќањето и очистувањето од пороците, и зачувувањето на добродетелите кај оние кои со нив се раководат на патот кон совршенството. Тој страв, продирајќи во човечката душа, предизвикува одбивност кон световните работи, тера да се заборави целиот свет и одвраќа од секое стекнување и со неговото (световното) напуштање се добива смирение што се пројавува во следните црти: човекот кој го поседува (стравот Божји), прво ја усмртува својата волја; второ, не само делата, туку и своите помисли ги открива на својот старец не скривајќи ништо; трето, прави се според расудувањето на старецот и ништо не прави по свое, и жеден за неговите поуки, со радост ги слуша; четврто, во се пази послушание, кроткост, постојаност во трпението; петто, не само што никого не навредува, туку ни за навредите што му се нанесени не бара задоволување и не се растажува заради нив; шесто, не прави ништо што не е во согласност со правилата што важат за сите, ниту наоѓа потврда во примерот на мнозинството; седмо, задоволен е со секаква положба, колку и да била понижувачка и се што ќе му се рече го исполнува како беден и недостоен слуга; осмо, не само на зборови, туку и со искрено расположение на срцето се смета за полош од сите; деветто, го зауздува својот јазик и не зборува гласно; десетто, не се оддава на лекомислена смеа. Еве кои се одликите според кои се препознава вистинското смирение! Тоа брзо ќе те доведе до љубовта во која нема страв и со која, заради тоа што си восхитен, она истото што порано си го  правел поради стравот од казната, сега ќе почнеш да го правиш без труд, како нешто природно, и тоа веќе не од страв од казна, туку од љубов кон доброто и насладување со добродетелите.

Извор: http://www.mpc-svpetka.com/

{moshits}