TviTER49

Преку страдањата, Господ не избавува од уште поголеми страдања


                  Бог го казнува телото заради цената на душата, за да ја вразуми и научи.
Голем дел од луѓето се такви што треба да се поттикнат однадвор, за да можат да се повлечат во себе. (Филарет, м. Московски).
Времето на бедата е време кога преовладува Божјото сеќавање за нас; Времето на несреќите е време кога Бог ги обновува или повторно ги раѓа нашите души. (Игнатиј, Еп. Кавкаски).
              Како што семките треба да се наводнуваат од дождот, така нам ни требаат солзите. Како што треба земјата да се изора и ископа, така и на душата на местото на плугот и требаат искушенијата и тагите, да не никне плевел, да ѝ омекне цврстината и суровоста, да не се возгордее. А земјата без внимателно обработување не носи ништо корисно. (Свети Јован Златоуст).
                 За да се разгори огнот на Божествената љубов, нема подобро дрво за него од дрвото на крстот (неволјите).

Училиштето на крстот (беди, неволји, таги) е најдоброто училиште. Воспитувањето во тоа училиште прави:
а) безумните да станат паметни, а паметните да станат мудри;
б) гордите стануваат смирени, а смрените - смиреномудри
в) лошите - добри, а добрите - уште подобри;
г) слабите – силни а силните – непобедливи. ( протојереј Ј. Толмачев )

 

Духовна градина - Мелентиј Хиландарец
Подготвил С.Стефковски

6ти април 2024 лето Господово