TVIT1085.vodokrst

Богојавленската вода е значајна потврда на православната вера.


                    Богојавленската вода со години останува свежа, вкусна, осветена и лековита.
Одамна постои обичај оваа вода да се чува во специјален сад цела година, затоа што таа помага во секоја болест и кога малите деца имаат страв ноќно време, и кога на човек нагло ќе му се слоши и кога храната не му годи и кога неможе да ги поднесува болките во болеста и кога му се смутуваат помислите и не знае како некоја работа да ја реши и воопшто, многубројни се тешкотиите и моментите во животот кога Богојавленската вода е навистина од корист, ако се употребува со вера.
                 На самиот ден на Богојавление, Црквата дозволува со таа вода да се попрскаат сите соби, секој агол и сите деца пијат кој колку сака. Но, во сите други денови во годината, со Богојавленската водичка не смее да се попрскува освен да се пие во болест. А здравите ако сакаат, мораат некој ден да постат, па од таа водичка да се напијат наутро.
Во Македонија и денес многу луѓе ништо не јадат првите два дена од Великиот Пост, па третиот ден вкусат од таа вода во знак на нејзината голема светост.
                Кај нашиот народ од дамнина се почитува Богојавленската вода. Во 14-ти век, за време на цар Душан и кнез Лазар, на оние луѓе на кои не им било дозволено да се Причестат поради некој голем грев, им било дозволено да постат и да се напијат од Богојавленската вода
Секоја куќа, на денот Богојавление, кога свештеник ја осветува водата, треба да земе во специјален сад (шишенце) и да ја чува преку целата година.


Св.Владика Николај Велимировиќ

 

fb Pravoslavie.mk