Bogorodica.kolazh34
·
          Да ја согледаме небесната височина и длабочината на земјата: да ја разбереме и нашата природа, да сознаеме што сме како луѓе: дека умираме и дека преминуваме зад границите на овој свет. Тогаш без какво и да е прикривање ќе излеземе пред лицето на праведниот Судија, за да дадеме одговор за нашите дела; дури потоа или ќе нѐ прими во светото царство небесно, ако сме правеле добро, или ќе нѐ испрати во огнот што не гасне, ако сме живееле во гревови.

        Непрестајно да ја подгреваме ревноста за богоугоден живот, ревноста што сме ја имале кога сме дошле во манастирот, какви зборови сме искажувале и какви завети сме дале: да ја сознаваме нашата должност и секогаш да и бидеме верни, зашто според нашите зборови ќе бидеме судени.


Светиот преподобен Теодор Студит
"pravoslavenistocnik.mk"
(ДОБРОТОЉУБИЕ)

 

fb Православен Источник

2023