TVIT681

Крајот на светот не значи уништување на светот, туку негово преобразување... Ќе се огласат Архангелските труби. Тие ќе одзвонуваат во душите и совеста! Сè тогаш ќе ѝ биде јасно на човечката совест... Тој оган ќе се запали во секој човек: Гледајќи го Крстот, едниот ќе се радува, а другиот ќе падне во очај. Така луѓето ќе бидат разделени за миг. Само внатрешната состојба на душата на човекот го определува на едната или на другата страна, десно или лево од Господа.

Ако човекот свесно и упорно се стреми кон Бога во својот живот на земјата, неговата радост ќе биде посилна кога ќе го слушне Бога: „Дојдете вие благословени“ и обратно, истите Божји зборови ќе предизвикаат оган на ужас и маки кај оние кои не Го сакаа, кои бегаа од Него и се бореа со Него или Го хулеа во текот на целиот свој живот. Кога ќе се отворат книгите, коровот на сите пороци во човечката душа ќе се разголи. Некои мислат дека со смртта на телото умира и гревот.

TVIT682

Не е така. Душата во која останала наклонетоста кон гревот, доколку не се одрекла и покајала и на Последниот Суд ќе воскресне со истата желба за грев. Таа никогаш нема да може да ја задоволи таа желба , и затоа во нејзе ќе се појави болка и омраза.Таа ќе обвинува секого и сè во својата мачна состојба, мразејќи се и секого.Тоа се подразбира под изразот „ плач и чкртање co заби “. Огнен пекол - тоа е внатрешниот оган во душата на Грешникот.


Архиепископ Јован Максимович – Битолски, Шангајски и Санфранциски
(Последниот суд, Од книгата - Видение на Страшниот Суд“

 

fb Simeon Stefkovski