TVIT667.a
          Свети Онуфриј Велики
          Момчето кое го хранеше малиот Христос!


       Кога имал 4-5 години, Онуфриј во манастирот видел икона на која Пресвета Богородица го држи Христос.
Меѓутоа, кога забележал дека на Христа никој не му дава леб (нафора) во црквата, а сите добиваат, се сожалил ...
Кога толпата се разотишла, тој отишол во блиската гостилница и побарал леб од гостилничарот.
Гостилничарот му дал парче леб.
            Онуфри отишол во храмот и пред иконата му рекол на малиот Исус - Леб ти донесов, гледам никој не ти дава!
Во тој момент од иконата оживеала Христовата рака и го земала лебот.
Ова се повторило и во следните денови.
Меѓутоа, гостилничарот се запрашал каде го носи лебот момчето Онуфрие, да не храни некое скриено животно. Толку му било сомнително и од љубопитство го следел, па кога имало и што да види.
Онуфриј како и обично отишол во манастирскиот храм пред иконата и му даал леб на Исус, а Исус ја испружил раката и ја зел, а потоа лебот исчезнал во иконата.
Гостилничарот толку се изненадил од ова чудо што за малку ќе занемел, дотрчал кај игуменот на манастирот и му кажал сè.
Игуменот го советувал утредента да не му дава леб на момчето Онуфри, туку да му каже - Кому си носел леб до сега, тој нека ти даде.
Онуфрие отишол во храмот пред иконата и му рекол на малиот Христос - Леб веќе не ми даваат.
Велат да барам од Тебе Ти да ми дадеш.
               Сето тоа го следеле игуменот, монасите и гостилничарот скришум од скриениот дел на храмот.
О чудо, во тој момент Христос ја подал раката како жив од иконата и му дал на Онуфрие голем леб.
Толку многу лебот замириса со Небесен мир што игуменот, монасите и гостилничарот со солзи паднале на подот од црквата.
Момчето Онуфрие ги забележал и им го поделил лебот.
Никогаш во животот не јаделе ништо подобро и не можеле да го изедат сиот.
                Кога ова момче пораснало, се замонашило и живеело во пустина.
Секоја недела Господ Исус Христос му испраќал ангели од Небото да го причестат и да му го донесат овој леб.
Шеесет и една година живеел во пустината Онуфрие и станал еден од Големите Светители.☦

 Јуни 2023 лето Господово

 ☦️🌿🕊️🌿💒🌿🌹🌿 Животот е борба
Snezana Todorova ·

 

sv.Onufrij.Veliki.jpg

Од Верскиот календар:

sv.Onufrij.PetarAfonski..jpg

Преподобен Онуфриј Велики

Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел неговиот ангел пазител, којшто претходно му се јавил. Долго време се хранел само со зелјето кое ретко можело да се најде во пустината, а потоа, откако ги претрпел борбите со демоните и кога срцето сосем му се укрепи во љубовта кон Бога, се хранеше со леб што му го носеше ангел Божји. Освен ова, крај неговата келија по Божја Промисла порасна една палма со вкусен плод на урма и бликна извор со питка вода. „А најмногу“, рече Онуфриј, „се хранам и пијам од слатките зборови Господови“. Кога Пафнутиј го запраша како се причестува, пустиникот Онуфриј одоговори дека Божји ангел му носи Причест секоја сабота и го причестува. Следниот ден старецот му рече на Пафнутиј дека тоа е денот на неговото заминување од овој свет, ги преклони колената, Му се помоли на Бога и Му го предаде духот свој Нему. Во тој миг Пафнутиј ја виде небесната светлина што го осветли телото на упокоениот светител и го слушна пеењето на ангелските сили. Откако чесно го погреба телото на Свети Онуфриј, Пафнутиј се врати во својот манастир како жив сведок: за духовна полза на сите да им го раскажува житието на Божјиот човек и величината на Божествената Промисла за оние коишто целосно се предаваат себеси на служба на Бога. Светиот пустиник Онуфриј почина во 400 година.

https://preminportal.com.mk/verski-kalendar/tropar/21909-12-25-2020