TVIT644

Но знајте дека Црквата е исто така бојно поле кадешто копјата ги кршат силите на рајот (доброто) и пеколот (злото). А ние, пак, свештенослужителите и секој православен христијанин индивидуално, уште при крштението постануваме избрани Христови војници, кои, мора да се изјаснат, да застанат на страната на доброто и вистината, и сме повикани, секој по неговото име, да се ставиме во служење на доброто.

Ако побегнеме од бојното поле, ако се повлечеме и не ни е грижа, тогаш значи дека одработуваме и му служиме на оној што се грижи и работи на тоа да сме што е можно помалку. И ако речеме дека тогаш Бог се лути на нас, мораме уште еднаш да кажеме дека Бог најмногу се лути на нас кога сме млаки и неопределени, неутврдени во доброто. И ни се заканува дека ќе не’ изблуе од устата Своја, запечатувајќи ги Своите зборови: „Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите“ (прочитајте ги и двете, 2-ра и 3-та глави во Откровението), со значење дека Неговите зборови нема да се изменат.

 

              Благородно дело е да ги храните гулабите и другите птици. Многу е корисно и многу е важно да се хранат гулабите. Гулабите се молат за умрените луѓе. Кога тие колваат леб или зрно тогаш тоа се метанија за упокоените, тогаш им се чистат нивните гревови , затоа колку се во поголем број гулабите, толку повеќе има метанија.
Птице небесни се верни представници пред Господа. Во многу случаеви кога е потребно да се молите за грешна душа старците благословуваат да се хранат гулабите .


Преподобни Серафим Саровски ➕

 

Извор: фб Симеон Стефковски