TVIT637



Приказна од СТАРЕЦ ПАЈСИЈ за тоа “КОЛКУ МАТЕРИЈАЛНИТЕ ДОБРА НЕ ОДДАЛЕЧУВААТ ОД БОГА“


               Сфатив дека причините за човечката деструктивност се наогаат во обилноста на матерјалните добра, зашто тие не му даваат на човек да го почувствува Божјото присуство и да ја почитуваат Неговата наклонетост. Доколку сакате некој да го оддалечите од Бога, дајте му матерјални добра и тој истиот час засекогаш ќе Го заборави. Тоа го сфатив уште додека бев млад. Кога бев на Синајска Гора, живеев на место каде што немаше вода. Морав да пешачам два часа да дојдам до карпа од која истекуваше вода. Под неа ставив стомна и чекав еден час за да се наполни. Ограничената количина на вода во мене предизвикуваше различни чувства. Секој ден се плашев : ”Ќе капе ли вода од карпата? Се молев на Бога и понатаму да капи вода од карпата. Додека одев кон карпата се плашев и се молев да има вода од карпата.
Кога ќе видев оддалеку како свети водата додека сончевите зраци пагаат на карпата, го славев Бога. Додека се враќав, не престанував да му заблагодарувам на Бога за водата која ми ја даде. Малата количина на вода, како прво ме поттикна и понатаму да Му се молам на Бога, водата и понатаму да истекува од карпата, а како второ, да Му заблагодарам на Бога и да го славам како Дарител на сите добра.
Кога го напуштив Синај, отидов на Ивиронскиот скит во кој имавме многу вода. Располагавме со изобилство на вода која понекогаш ја остававме да тече без причина. Во еден момент сфатив дека во мојата душа се утврдило сосем друго гледиште. Сфатив дека за време на мојот престој во скитот ни еднаш не реков: ” СЛАВА МУ НА БОГА”. Додека малата количина вода ми беше причина да се молам и да го славам Бога, дотолку нејзиното изобилство направи да заборавам дека водата е навистина Божји дар и треба да Му бидам благодарен. Истото може да се примени и на матерјалните добра.
Ќе ти кажам уште еден пример. Никогаш не сум почувствувал потреба да му се заблагодарам на Бога што ми дал можност да седнам и да одморам, зашто сметав дека тоа е сосем нормално. Сега боледувам од хернија и не ми е удобно додека седам. Во моментот кога ќе најдам положба која ми одговара, се заблагодарувам на Бога зашто можам да почувствувам олеснување. Тоа ме носи до заклучок дека и седењето е Божји дар и за тоа мора да Му благодаримена Бога. Ова може да се примени за се. Доколку се најдеме во тешка ситуација, не треба да бидеме вознемирени. Напротив , треба да сфатиме дека тоа е Божји начин да Му се приближиме и постанеме свесни дека Тој е Дарител на сите добра во нашиот живот.

 


Старец Пајсиј. Извадок од книгата ”Срце за целиот Свет”.
Текстот го избра и подготви Соња Младеновски

фб Храм Света Лидија Македонска