TVIT608

- Луѓето од Господа го примаат секое добро според Неговата промисла. Кој вака верува, никогаш нема да го изгуби.
- Цврстата вера е силна тврдина. За оној што верува Христос е сè во сè.
- Со секој твој потфат нека раководи Оној Кој управува со секое добро, за да биде според Бога она што си го започнал.
- Смиреноумниот и оној што чини духовни дела, сè што ќе прочита во Божественото Писмо го доведува во врска со себе, а не со другите.
- Повикувај кон Бога за да ги отвори очите на твоето срце, и да ја видиш корисноста од молитвата и од читањето кои преку искуство се сфаќаат и разбираат.
- Оној што има некаков духовен дар и сочувствува со оние што го немаат, со таквото сочувство го чува својот дар. Надуениот, пак, ќе го изгуби поради надмени помисли.
- Устата на смиреноумниот човек ја говори вистината, а оној кој ѝ противречи на вистината е сличен на слугата што го удри Господа по лицето (Јован 18, 22).
- Не биди ученик на оној што се фали самиот себе, за да не се научиш на гордост, наместо понизност.
- Не вознесувај се со твоето срце затоа што ги познаваш Писмата, за да не паднеш со својот ум во замката на духот на хулењето.
- Не обидувај се да решиш било каков проблем со посредство на спорот, туку со помош на средствата кои ги налага духовниот закон, т.е. со трпение, молитва и непоколеблива надеж.


Свети Марко Подвижник

 

Simeon Stefkovski

МИСИОНЕРСКИ ЦЕНТАР