TVIT45

"Да го ограничиме злото во самиот негов почеток – со сите средства да го искорениме гневот од нашите души. Во тој случај ќе бидеме во состојба, заедно со таа страст, да го потсечеме од корен и во почетокот поголемиот дел од злото во животот.

           Некој те укорува – ти благослови го. Друг те бие – ти претрпи. Трет те презира – ти моли се за него. Некој те смета за ништожник – ти спомни си дека си од земја создаден и дека земја ќе постанеш. Кој ќе се вооружи со такви мисли и расположение – тој нема да се уподоби на навредениот и ќе го спаси него и себеси.

           Чиј ученик сакаш да бидеш? На благоугодните и блажени мажи, или на луѓе, исполнети со дух на лукавство? Кога те предизвикува искушението да кажеш навредлив збор, претстави си, дека ти претстои да решиш за себеси: кон Бога ли да се приближиш преку своето долготрпение – или, преку својот гнев да се предадеш на ѓаволот?

            Дај му време и сила на својот разум – избери го добриот дел… со тоа и на непријателот ќе му укажеш некаква полза со примерот од својата красота, и себеси ќе се издигнеш – и така, со твојата добрина посилно ќе му се одмаздиш."

  Свети Василиј Велики

Март 2023 лето Господово