TViTer459

Поуки за добрите дела и намери


“Бог ќе ти врати стократно повеќе од она што си го потрошил правејќи добри дела.
На овој свет и живееме за да правиме добро.
Бог од нас го бара срцето.
Но, без добри дела нема да можеш да му го дадеш срцето на Бога.
Помагај на сиромашен човек - тоа ќе биде твојата жртва кон Бога.
На сите треба да се посакува добро, но за правење добро потребна е мудрост.
          Кога правиш добро се качуваш за еден степеник, а кога грешиш - се спушташ. Целиот наш живот е такво движење.
Како човековата душа може да биде мирна кога ближниот е во опасност?
Ако дома имаш болен и нема кој да го гледа, подобро да не одиш во црква, туку да останеш дома.
Кој се труди за доброто на ближниот - се труди за самиот себе. Човекот сам си го благословува својот живот со добрите намери.
Бог на човекот му дал слободна волја.
Благодатно дело е да храниш гулаби и други птици.
            Окото е огледало на душата; ако душата сама не посака, окото нема да гледа во лошото.
Прво лекува Бог, а потоа лекарот, но кој не се заблагодарува на лекарот, не се заблагодарува ниту на Бога.
Трудбеникот е достоен за награда.
Разумот и рацете на лекарот прават богоугодни дела.
           Кога јадеш сети се на гладниот, жедниот и на оној што страда. Ако те наклеветиле, на доброто ти одговориле со зло, немој да држиш зло во срцето. Прости и радувај се, зашто благодарение на тоа си се приближил на Бога за неколку скалила.“

 

TViTer445
Старец Гаврил Грузиски

 

Избор од фб профил на Православен Мирјанин

Октомври 2020 лето Господово