TViTer137

„Како што сонцето е светлина за телата така молитвата е светлина за душата


 И така ако бедата на слепиот се состои во тоа што не го гледа сонцето,
колкава ли е бедата на христијанинот кој не се моли непрекинливо и не ја внесува преку молитвата во својата душа светлината Христова?

 Исто така, кој не би се чудел и восхитувал на човекољубието што го излева Бог над нас, дарувајќи ни нам на луѓето толку голема чест  што сме удостоени со молитвата, и со разговорот со Него?
За време на молитвата ние навистина зборуваме со Бога, преку неа стапуваме во заедница и со ангелите и толку јасно се издвојуваме од множеството на бесловесните суштества.


А дека и самото дело на молитвата е - нешто возвишено, нè учат тие самите, со голем страв вознесувајќи ги своите молитви и давајќи ни да знаеме и да сфатиме, дека на Бога треба да Му пристапуваме со радост и со страв, за да не се покажеме недостојни за молитвата; со радост заради величината на честа, со оглед дека како смртен род сме удостоени со ваков голем дар, непрестајно да се насладуваме со Божествениот разговор, преку кој, иако по природа смртни, престануваме да бидеме смртни и минливи, зашто општејќи со Бога влегуваме во бесмртниот живот.


И според природата на нештата, ползувајќи се со заедничарењето со Бога се издигнеме над смртта и секоја пропадливост.
Сходно на тоа, како совршено неопходно, насладувајќи се со сончевата светлина ја избегнуваме темнината, токму како што е совршено потребно за насладувајќи се со Божественото заедничарење по ова да не бидеме смртни со оглед дека самата величина на славата нѐ возведува кон бесмртност.“


Свети Јован Златоуст

 

фб Православен источник