3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Велиш дека постиш?


Убеди ме во тоа со делата! А кои дела се тоа?
Ако здогледаш сиромав, подај му милостина.
Ако се најдеш со својот непријател, смири се со него.
Ако здогледаш на улица убаво лице, одврати го својот поглед од него.
Значи, не само да постиш со стомакот, туку и со очите, слухот, и со рацете и нозете, и со сите членови на своето тело.
Рацете нека постат воздржувајќи се од секаква алчност и кражба.
Нозете нека постат така што нема да одат по патеките на гревот.
Очите нека постат така што нема страсно да се загледуваат во убавите лица, ниту, пак, со завист ќе гледаат на добрата кај другите луѓе.
Велиш дека не јадеш месо.
Но, чувај се со похотливите очи за да не го голташ она што го гледаш околу себе. Пости и со слухот, не слушајќи оговарања и сплетки.
Со своите усни и јазик пости, воздржувај се од грди зборови и шеги. Каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги гриземе и јадеме своите ближни.


Свети Јован Златоуст

Православие.Мк †