3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


·
Гревот често бесрамно нѐ напаѓа, но совеста служејќи се со временските можности го победува. Ако некој почнува да се плаши, ако се наоѓа во темнина, таа објаснува дека тоа станува поради гревот.
И кога некој патувајќи по вода, кога бура се подигнува, тој од совеста своја ќе биде изобличуван; таа ќе му го напомнува неговото нечесно дело. Таа ни ги напомнува нашите беззаконија и за време на земјотресите. Нашите страсни дела таа ни ги напомнува и тогаш кога сме на пат.
И, најпосле, ако душата на грешникот не се обрати, совеста го изобличува и тогаш кога паѓа во телесни болести; тогаш од желба да си го запази животот, тој ветува пред Бога дека гревот свој ќе го победи и ќе го остави.


 Плашејќи се од својата смрт и од тоа дека може да го загуби вечниот живот, измачуван од совеста, тој прибегнува кон покајанието, - кон овој посредник меѓу Бога и луѓето.


- Свети Ефрем Сирин

 

 

Избор од фб профил на

Православие.Мк †

 

Јули 2021 лето Господово