лого

sv.vasilij.veliki.jpg

Кажано е: Внимавај  на себе. Бог Кој создаде сe, му даде на секое живо (суштество) инстинкт за заштита на сопствениот состав. Доколку внимателно почнеш да истражуваш, ќе откриеш дека повеќето бесловесни (животни) се одвраќаат од штетното, иако никогаш не учеле. Освен тоа, тие по природна привлечност тежнеат да се насладуваат со она што им е корисно.

Нас пак, Бог, Кој не воспитува, ни  ја даде наведената голема заповед за со помош на словесноста да го наоѓаме она што нив им е дадено од природата, она што бесловесните (животни) го прават без надзор, ние да го правиме внимателно и со непрестано надгледување на помислите, за да бидеме верни чувари на инстинктот кој ни  е даден од Бога, за да се тргаме  од гревот како што животните бегат од отровот во храната и да трагаме за правдата како што тие бараат хранливи билки.

Затоа, пази на себе за да можеш да го разликуваш штетното од спасителното. Меѓутоа, можно е двојно пазење на себе: со телесните очи да се гледа на видливите предмети или со умната сила на душата да се задлабочува во согледување на бестелесното. Доколку кажеме дека оваа заповед е ограничена само на дејствијата на очите, истиот момент ќе ја признаеме неможноста на нејзиното исполнување.

Бидејќи, како може човекот целиот себе да се опфати со очите? Окото не може да го насочи погледот на себе, не достогнува до темето, не го познава ни грбот, ни лицето, ни распоредот на внатрешните (органи) во утробата. Меѓутоа, безбожно е да се тврди дека заповедите на Духот се невозможни. Затоа, ни  преостанува оваа заповед да ја сфатиме во смисла на дејствувањето на умот.

Затоа, пази на себе, односно внимавај на себе од сите страни. Твоето душевно око нека биде непоспано за да се сочуваш самиот себе. Ќе поминеш покрај многу замки. Заради тоа внимавај на себе и спаси се како срна од клопка или како птица од замка (При. 6, 5). Срндакот не паѓа во клопки заради острината на својот вид. Тој, и името го добил по својата островидност (срна – има етимолошка врска со островидност). И внимателната птица со леснотијата на своите крилја успева да се воздигне над ловечката лукавост.

Пази, значи, во чувањето на самиот себе да не се покажеш полош од бесловесните (животни) и заплетувајќи се во замка, да не станеш плен на ѓаволот, со оглед дека ќе бидеш жив уловен да ја извршуваш неговата волја (2. Тим. 2, 26).

 

 

(Продолжува)…

 

TVITer105

Подготви: Михаила Поповска

Извор:

TVITer270

П.П.2008-07-25 22:38:18

 https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%B2.%20%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%20%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B8%20-%20%D0%92%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%98%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%D0%B1%D0%B5&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 

Друго: