• Биди внимателен во читањето на светите списи, а особено во читањето на Светото Писмо. Тоа ќе ги растера од тебе сите нечисти помисли. Ако со усрдност ги читаш споменатите списи и ги исполнуваш Божјите заповеди, Божјата милост ќе биде со тебе.

Сакај ги повеќе прекорот и навредите, отколку почитувањето и честа; сакај го повеќе уморот на телото и недостатокот на потребни работи отколку вишокот на излишните.

Кога си во црква не мисли на световните работи, ниту за тоа како ќе ги уредиш своите земни работи.

Не откривај ги своите мисли секому, за да не го соблазниш ближниот. Не им ги исповедај на сите своите помисли, туку само на оние кои можат да ја излечат твојата душа.

Кон секого биди пријателски расположен, но не треба секој да ти биде советник.

Однесувај се така што сите луѓе да те благословуваат.

  • Избегнувај ја лагата, оти лагата ќе го растера од тебе стравот Божји. Устата твоја нека зборува само вистина. 

Не се колни ни заколнувај ниту во вистинито, а камоли во сомнително нешто или работа.

Ако си започнал некоја работа, и видиш дека не Му е по волја на Бога, веднаш напушти ја.

Угледај се на оние кои се подобри од тебе, кои Го љубат Бога со сето срце свое и кои чинат добри дела. Нив прашај ги и од нив барај совет.

  • Световните луѓе кои световно мислат и зборуваат само за земни работи, избегнувај ги.

Не дружи се со горди луѓе, туку со кротки и благи.

Биди во се скромен; во движењето на телото, во говорот, во облекувањето, во седењето, во домот свој, во се пред сите и пред се.

Не гневи се и не биди злопамтило кон оној кој те налутил, оти може да биде дека и самиот си крив за тоа.

  • Не плаши се од човечкото презирање и клеветење. Секој кој сака побожно да живее ќе биде прогонет, клеветен и презрен.
     
    Не оставај ја волјата Божја заради исполнување на волјата човечка и не нарушувај ги Божјите заповеди од уважување кон човечкото пријателство.

 

Подготви: Б.Ѓ.

Посети:{moshits}

 

 Тропар на светиот
Антониј Велики
17 јануари / 30 јануари

 глас 4
 Ревноста Илиина во својата
природа ја вгнезди,
правите патишта на Крстителот ги следеше,
оче Антоние, на пустината
бивајќи жител,
вселената ја утврди со твоите молитви.
Затоа, моли го Христа Бога
да ги спаси нашите души.



Извор МПЦ – ОА